КУРИРИ ВРАБОТЕНИ ВО АМАЗОН ДОСТАВУВААТ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ВИРУСОТ
Амазон се приклучува кон борбата со коронавирусот во САД, така што дел од куририте кои што таму работат ќе доставуваат до домовите тестови за брза анализа на КОВИД 19. Засега ова ќе биде можно само во Кинг Каунти, држава Вашингтон, каде е пријавено дека вирусот корона е најраспространет.
„Амазон ќе ги испорачува и ќе ги собира направените тестови за корона вирусот преку постоечката платформа за внатрешна здравствена заштита за вработените во гигантот Амазон т.н. Amazon care“ известуваат од theverge.com.
Се додава дека тестовите нема да се ограничат само на сопствените работници, туку ќе бидат вклучени сите луѓе кои живеат во областа на Сиетл (седиште на Кинг Каунти), а квалифицирани од страна на Seattle Coronavirus Network Assessment Foundation. Фондацијата, која што е финансирана од страна на Бил и Мелинда Гејтс, меѓудругото го анализира и ширењето на корона вирусот, но создава и потенцијални сценарија за ширење на пандемијата.
Курири со специјални пратки
Според американските медиуми, Амазон уверува дека сите курири кои ќе бидат вклучени во дистрибуцијата на тестовите за корона вирусот се обучени да постапуваат со медицински материјали. Тие ќе дистрибуираат тестови кои вклучуваат комплети за брис, за сите оние кои што ќе побараат, истите ќе им бидат доставени до домовите.
„Благодарни сме што сме опкружени со заедница насочена кон јавното здравје, кон глобалното здравје и здравствените научници и воедно сакаме да ги искористиме инфраструктурните и логистичките можности на Amazon Care да се поддржи овој локален напор“ – изјави претставникот на Amazon Care, Кристен Хелтон за CNBC.
Резултатите од тестовите ќе бидат достапни за здравствените научници за да можат да видат како корона вирусот се шири низ демографските групи. Оние кои што ќе добијат позитивен тест, односно ќе биде констатирано дека имаат КОВИД 19, ќе бидат упатени кон здравствени установи, истакнуваат од медиумите.