КИНЕСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ ГИ ОБЈАВИЈА ПОДАТОЦИТЕ НА ПРЕВОЗ ЗА 2020 ГОДИНА

Кинеските национални железници (ЦР) објавија вкупно 2,166 милијарди патнички патувања во 2020 година, што е за 39,4% помалку од 3,578 милијарди патнички патувања во 2019 година, како резултат на пандемијата Ковид-19. Должината на патувањата падна уште повеќе, ЦР забележа 825 милијарди патнички километри во 2020 година, што е за 43,2% помалку од 1,252 трилиони патнички километри во 2019 година.
Сепак, товарниот превоз се зголемил за 4,1% на 3,58 милијарди тони во 2020 година, со тон-километар пораст 1,4% на 2739 милијарди тони-км. Особено сообраќајот на контејнери е пораснат за 36,7%.
ЦР објави дека нејзините основни средства вредат  781,9 милијарди јуани (120,1 милијарди американски долари) на крајот на 2020 година, по изградбата на нови 4933 километри нови пруги, вклучувајќи 2521 километри брзи пруги. Ова ја прошири националната мрежа на 146.300 километри, вклучувајќи 38.000 километри линии за патници (PDL) и 18.300 километри пруги што не ги управува ЦР.
ЦР вели дека 59,5% од мрежата сега е со двоен колосек и  72,8% е електрифицирана. Од 128.000 километри управувани од ЦР, 61,6% се со двоен колосек, а 74,9% се електрифицирани.
На  кинеската мрежа минатата година вкупно работеле 8000 дизел локомотиви и 13.800 електрични локомотиви, заедно со 76.000 патнички вагони, 912.000 товарни вагони и 3918 ЕМУ. Ова вклучува 7600 дизел локомотиви, 134 000 електрични локомотиви, 75 000 патнички вагони, 857 000 товарни вагони и 3828 ЕМУ – односно 30 620 индивидуални вагони – управувани од ЦР.
Потрошувачката на енергија на националната мрежа падна за 5,8%, односно на 15,48 милиони тони еквивалент на јаглен, додека емисиите на сулфур паднаа за 38,1%. Дополнителни 4500 километри железничка пруга е „зазеленета“, со што вкупните достигна 57.600 километри „зелена пруга“. Починати од сообраќајни несреќи кај железничкиот систем опадна за 15,9% во споредба со 2019 година.

Бројот на патниците се зголеми за периодот на пролетниот фестивал

ЦР изврши 218 милиони патнички патувања во текот на 40-дневниот празничен период на пролетниот фестивал до 8 март 2021 година, што е за 3,5% повеќе од минатата година кога беа воспоставени ограничувања заради Covid-19. Ова се случи и покрај тоа што луѓето беа замолени да не патуваат оваа година, иако не беа воведени официјални уредби за престој дома или забрани за патување. Во истиот период биле пренесени и 517 милиони тони товар што е за 18,1% повеќе отколку во 2020 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *