КИНА ГО ОТКРИВА СВОЈОТ ПЛАН СО ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ ДО 2035 ГОДИНА

Кинеската државна групација на железниците ја објави својата стратегија за проширување на железницата , според која железничката мрежа треба да се прошири и да достигне големина од 200 000 километри, а брзата железница ќе има должина од 70 000 километри, заклучно до 2035 година.

Овој потег е дел од планот со кој ќе се обезбеди железнички транспорт до сите градови во кои има население над 200 000 граѓани, додека со градовите кои имаат над 500 000 граѓани од корист би биле брзите железнички услуги. Стапката на покриеност со брзата железница во градовите со население со над милион жители е скоро 94,7%.

Стратегијата има за цел зголемување од 40% на сегашните 141 400 километри железничка пруга и удвојување на должината на брзата железничка пруга што ќе им овозможи на возовите да сообраќаат со над 250 километри на час.

Кинеската државна железничка компанија соопшти дека брзата железничка мрежа во земјата достигнува должина од 36 000 километри.

Во јули, Кина инвестираше повеќе од 65 милијарди јуани (9,66 милијарди долари)  во железничката инфраструктура, што преставува зголемување за 3,6% во однос на секоја наредна година.

Исто така, во јули инвестицијата од 50 милијарди јуани (7 милијарди долари) е распределена на средни и големи проекти , што преставува зголемување од 11,3% од година во година.

Среднорочниот и долгорочниот план за железницата кој беше откриен во 2016 година, претставува годишна инвестиција од 800 милијарди јуани за проширување на мрежата во земјата.

Компанијата вели дека обемот на изградба постигнал 70% со тоа што преостанатите проекти во моментов се во фаза на изградба. Планот е насочен железничката мрежа да достигне до 150 000 километри до крајот на 2020 година од кои 30.000 км ќе ја формираат брзата железница.

Компанијата истотака планира да развие железничка мрежа до 2050 година, со што ќе создаде вистински `рбет на транспортниот систем во земјата, обезбедувајќи сигурни и меѓусебно поврзани услуги за железничкиот сообраќај во рамките на Кина.

Кина понатаму ќе инвестира во иновации поврзани со нејзиниот железнички систем, вклучувајќи го целиот синџир на снабдување во индустријата за напредни технологии и производи. Брзата железничка мрежа ќе биде првата која што ќе има корист од напредните технологии и решенија, проследени со конвенционалниот систем за железнички сообраќај.

Од почетокот на годината, Кина во употреба пушти 1 301 километри нови железнички линии, од кои 733 километри се брзи железнички линии.

Стратегијата за проширување на железницата има за цел да го пренесе патниот сообраќај кон железничкиот сообраќај и да обезбеди ефективни железнички врски низ целата земја. Во јули, националната компанија, забележа раст од 24% со 207 милиони патувања. Ова е зголемување од  39, 95 милиони патувањаво однос на јуни 2020 година. Според компанијата, регистрирани се 7,9 милиони патувања на ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *