КАКО 5G МРЕЖИТЕ ЌЕ СОЗДАДАТ НОВА ЕРА НА ПОВРЗАНА ЛОГИСТИКА

Од своето воведување, 5G мрежата брзо стана жешка тема на секоја индустрија и тоа со добра причина. До 2025 година, 5G мрежите се очекува да покриваат една третина од светското население, а една студија за економија на 5G мрежите открила дека истите до 2035 година ќе може потенцијално да овозможат трговија на стоки и услуги од вредност до 13, 2 трилиони американски долари и да создаде нови 22 милиони работни места.

Но што е точно 5G и зошто ќе направи толку голема разлика во функционирањето на светот? Можеби се сеќавате со 3G или со третата генерација на мобиланата технологија, мобилните податоци се движеа нанапред со 4G ерата која донесе широкопојасен интеренет.

Сега, со петта мобилна генерација – 5G ќе се придонесе кон најголема брзина на мобилната врска и најниски стапки на латенотност регистрирани досега. Новите нивоа на поврзаност создадени од 5G имаат потенцијал да влијаат скоро во секоја индустрија, правејќи целсоно на далечина здравствена заштита, паметни градови, дигитализирана логистика и многу подобрувања на начинот на живот.

Всушност 5 G би можело да биде технологија која ја турка целата индустрија во дигитализирана логистика. Скоро 90 % од давателите на логистика и испорака велат дека најголемиот предизвик во индустријата денес е недостигот на видливоста во синџирот на снабдување.

Друга студија пак покажува дека скоро 85% од испраќачите и примачите велат дека индустријата е доста бавна и „далеку под кривата“. Сепак  5G мрежите ќе имаат моќ да ја променат оваа состојба, создавајќи нова рамка на логистички поврзани технологии, започнувајќи од IoT до следење во реално време и постоење на автономни возила. Всушност во извештајот од Гартнер се открива дека две третини од организациите планираат да распоредат 5G мрежи до крајот на 2020 година.

Да разгледаме подетално некои области каде што 5G мрежите може да имаат огромно влијание  врз поврзувањето на логистиката во следниве неколку години.

IoT & Telematics

Според DHL, IoT се проценува дека отвора 1,9 трилиони американски долари како можност во логистиката. Оваа бројка само ќе расте бидејќи 5 G мрежите стануваат широко користени: за секој метар покриеност 5G може да поддржува над 1 000 уреди повеќе од 4 G и со брзина од 10 Gbps или што во превод би значело дека е 100 пати побрза.

Во меѓувреме товарот и товарните возила ќе имаат можност да користат телематика за создавање на комуникација меѓу возилата (V2V) и меѓу возило и инфраструктура (V2I).  Овие технологии им овозможуваат на возилата да комуницираат едни со други, истотака да комуницираат и со инфраструктурата: семафори, системи за управување на патишта и сл.

Моменталните 3G и  4G IoT уреди имаат тенденција да зависат од поголема моќност и затоа тие постојано се вклучуваат и се исклучуваат. Сепак IoT уредите за следење со батерии кои користат 5G ќе бидат многу поекономични и автоматски ќе влезат во режим на мирување во моментот кога не испраќаат информации. Ова ќе им овозможи подолг работен век, овозможувајќи им да ги следат синџирите на снабдување, со параметри како: локација, температура, влажност, светлина и сл.

Следење во реално време и засилена видливост

Секоја година се проценува загуба од 2,5 милијарди долари од камионската индустрија. Уште еднаш, недостатокот на видливост во реално време во синџирот за снабдување е една од водечките причини за овие загуби.  IoT уредите поврзани со 5G мрежите ќе ги отстранат „црните дупки“на синџирите за снабдување, при што логистичките компании ќе можат да го следат движењето на товарот во реално време. Овие области на транзитна мртва зона станаа еден од најголемите проблеми со следење со кој логистичките компании се соочуваат во денешницава.

Додека пак, пакетите се проверуваат на почетните точки кај производствените капацитети или магацини, многу малку информации постојат околу реалното време на патување на товарот.

Со употребата на 5 G мрежите за засилена технологија на геолокација, IoT уредите ќе добијат можност да доставуваат информации „во живо“, при што клиентот би можел да го следи својот продукт од производствениот капацитет до крајната дестинација. Со овие податоци при рака, логистичките компании ќе можат да направат ажурирање на статусот во живо, се со цел да добијат информација за потенцијални одложувања, да ги оптимизираат своите флоти, да го предвидат точниот момент на пристигнување на товарот или товарното возило.

Далечинско – управување и автономни возила

Една од највозбудливите карактеристики е исклучиво ниското ниво на латентност на 5G, односно преност на податоци може да закасни околу 1 милисекунда. Оваа одлика ќе биде клучен фактор за автономните камиони, беспилотните летала и роботите за испорака на јавни патишта или во магацини, каде што е важна секоја милисекунда. Секако дека колку побрзо автономното возило (АВ) може да донесе интелегентна одлука, толку посигурни ќе бидат автономните операции.

Времето за 5G конекција е во совршен тајминг за АВ, во овој момент повеќето автомобилски компании се веќе длабоко навлезени во развој и тестирање на различни видови на автономни возила за различни намени. Комерцијално, автомобилските производители како Форд, Крајслер, Тојота,  БМВ и секој друг поголем производител на автомобили, најавија тимови посветени на создавање на автономни системи за јавна употреба.

Во меѓувреме во логистичкиот сектор, компаниите работат на создавање на сигурни и безбедни автономни автомобили кои ќе можат да помогнат во складирање и во транспортни операции.

Einride создаде 5G придвижуван камион наречен “T-pod”, кој е целосно автономен, но вклучува можност далечински да биде управуван од човек. Опремен е со камери, радари и 3Д скенери, “T-pod” – от има свесност за се околу него со видливост од 360 степени и благодарение на 5G мрежата може да реагира во околината во милисекунда.

Многу компании за камиони истражуваат камиони кои би можеле да се движат на подолги релации, односно да возат и до 10 часа, при што би се намалил притисокот од недостаток на луѓе – шофери на камиони.

AR (зголемена реалност) и VR (виртуелна реалност) за одржување и поправка

Една од најскапите ставки во индустријата на логистика може да биде поправката и одржувањето на возилата и машините. За среќа, новите технологии АR (зголемена реалност) и VR (виртуелна реалност), веќе се истражени за нивниот најголем потенцијал за трансформација на начинот на кој логистичките компании прават одржување и поправки. Сега со 5G, изгледите за овие компании се уште подобри.

Во магацините ќе се овозможи ажурирање на податоци во реално време, нема да има доцнење за движењето на каргото, ќе се подобри искуството и довербата кон апликациите AR кои се користат во секојдневните активности.

Со помош на апликациите AR може да им се овозможи на магацинските роботи и други автоматизирани машини да го оптимизираат движењето во физичкиот простор. Според експерти, 5 G би можел да овозможи поединечно покривање на еден голем магацин, наместо да користи неколку безжични опции со краток дострел од 4 G мрежа за да ја покрие целата област. AR може да се интегрира и во возилата за да се обезбедат побезбедни патувања и подобро препознавање на крајната точка.

Во меѓувреме надвор од магацините VR апликацијата би можела да им овозможи подршка на флоата на камиони, како на пример помош на патот од различна локација, намалување на неочекуваните застои  и зголемување на целокупната ефикасност.

Комбинација на зголемена реалност со VR истотака има потенцијал да создаде паметни пристаништа со поврзување со пристанишни инжинеринг тимови преку мобилен широкопојасен интернет, нудејќи мобилен пристап до планови за градба и инсталации само со користење на AR/ VR очила или таблети на лице место.

Нова рамка за поврзана логистика

Логистичката индустрија веќе се потпира врз нови технологии  и деловно работење на управувано од страна на операции базирани врз дата-бази. Со имплементација на 5 G мрежи во логистиката може да се појави сосем нова рамка.

Бидејќи брзината на патувањето на податоците е побрзо од кога и да било до сега, нивоата на латентност ги достигнуваат своите најниски точки, технологиите како IoT уредите, телематика, AR и VR може да го достигнат својот полн потенцијал за да им помогнат на поврзаната логистика и синџирите на снабдување  конечно да бидат целосно видливи во реално време.

За да се продолжи со развојот, логистичките компании треба да размислат каде овие технологии би биле применливи  и како би можеле да бидат имплементирани во нивните процеси. Ако во еден ланец на снабдување има празнини и мртви зони, како може да се искористат  IoT уредите да се пополнат празнините  и да се направи  поголема видливост на процесите?

Ако постои магацин, тогаш како може роботот да биде од помош на вработените во магицинот? Ако на возилата пречесто им требаат поправки како AR и VR може да помогнат во намалувањето на  тие проблеми?

Наскоро 5G ќе биде насекаде околу нас, како што гледаме и во моментов компаниите се обидуваат да ја искористат паметно и се стремат кон светла иднина на поврзана логистика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *