ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ВТОРАТА НАЈПРОМЕТНА ПОДЗЕМНА ЖЕЛЕЗНИЦА ВО СВЕТОТ – МОСКОВСКОТО МЕТРО

Во московското метро има вкупно 408 километри железничла пруга, 15 линии и 238 станици. Во просечен работен ден, со метро возовите се превезуваат 8-9 милиони патници.

Дневниот рекорд бил постигнат на 25 декември 2014 година, кога по обилниот снег во Москва, метрото го користеле скоро 10 милиони патници – поточно 9.632.010.

Линиите имаат три форми на идентификација – по боја, број и име.

Известувањата во возовите ги наведуваат линиите по име, додека во обичниот говор тие се нарекуваат по боја (освен за одредени линии кои се разликуваат само по нијанса).

Повеќето линии минуваат радијално низ центарот на градот, освен линијата 5 која има форма на прстен долг 20 км што ги поврзува сите други линии.

На кружниот тек, патниците можат да ја разликуваат насоката према гласот на спикерката/от – машкиот глас објавува возење во насока на стрелките на часовникот, а женскиот спротивно од стрелките на часовникот.

На краците од метро линиите, машкиот глас ги најавува станиците кон центарот, а женскиот кон станиците од центарот.

Системот е скоро целосно изграден под земја, иако некои линии (1, 2, 4) ја преминуваат реката преку мостот. Исклучок е линијата 4 која има 7 надземни станици.

Работно време и тактност на Московското метро

Московското метро работи од 5,30 часот наутро до 1,04 часот навечер (времето варира од станица до станица). За време на шпицовите, возовите сообраќаат во интервали од околу 90 секунди на повеќето линии. Во текот на денот, интервалите се 2-3,5 минути, а ноќе 6-10 минути. Поради ваквиот зачестен сообраќај, нема официјален возен ред.

Некои факти за колосеците на Московското метро

 

Московското метро има широк колосек, 1524 мм, како и редовните колосеци на руската железница. Просечното растојание помеѓу станиците е дури 1,8 км. Најкраткиот е 328 метри помеѓу станицата Виставошнаја и станицата Международнаја и најдолгиот е 6,25 километри помеѓу станицата Крилацкоје и станицата Строгино. Долгото растојание има влијание и на високата просечна брзина од 42 км/ч.

Грандиозен архитектонски проект

Московското метро се смета за еден од најграндиозните архитектонски проекти во СССР. Сталин ангажирал познати архитекти и уметници кои комбинирале барок, класицизам и советски реализам со елементи на религија, историски личности и нивните победи, индустријата, спортот и револуција. Делата на познати руски уметници: Шушев, Корин, Данек, Душкин, Ланарс дана денес се под заштита на државата.

Ова фасцинантно наследство на комунизмот е исполнето со релјефи, мермерни и бронзени статуи, витраж, мозаици направени од стакло, мермер и гранит. Се чувствувате како да сте во уметничка галерија или музеј, сè додека заглушувачкиот звук на возот што доаѓа не ве врати во реалноста.

Изградба на Московското метро

Московскиот метро систем започнал со работа во 1935 година, но не е и најстариот метро систем. Инженерите ги зедоа предвид несовршеностите на постојните метро системи и врз основа на тоа, тие го направија московското метро многу полесно за употреба.

Главни инженери биле Британците, а Русите биле одговорни за градежништво и проектирање. За време на градењето, Сталин редовно издавал потерници за Британците, под обвинение за шпионажа. На крајот сите инженери беа депортирани. Така е прекината целата соработка меѓу Русија и Велика Британија.

Ако сакате да ги промените линиите, побарајте знаци до втората линија откако ќе го напуштите возот (ТРАНСИЦИЈА ДО * име и број на линија). Овие знаци се во боја на одредена линија (секоја линија има своја боја) и многу е лесно да ги следите, ако знаете која боја ви е потребна.

Можеби ќе треба да поминете низ ходниците или да се качувате по скалите. Можете да ги менувате линиите со истиот билет, која важи додека не излезете од метро системот.

Мапа на московското метро

Можете да ја користите одличната апликација Yandex за навигација во московското метро. Самите московјани ретко користат имиња, најважно е да се знае бојата и бројот. Постојат две групи на станици, прстенести станици (кафеавата линија) и сите други радијални станици.

Во некои случаи, две станици го делат истото име, на пр. Станица Киевскаја каде се среќаваат дури 3 линии (две радијални и една кружна). Станиците претежно опслужуваат една линија, а на некои станици повеќе од нив се преплетуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *