ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ВОЗОВИТЕ
Јапонскиот Bullet train е опремен со мрежа на чувствителни сеизмометри. На 11 март 2011 година, овие сеизмометри открија земјотрес со јачина од 8.9 степени 12 секунди пред да се случи и се испратил сопирен сигнал до сите 33 возови кои сообраќаа во таа област. Како резултат на сопирањето на возовите се случила несреќа само со еден воз, тој испаднал од пругата.
Во 1942 година, еден германски пилот додека бил на мисија на бомбардирање по некоја сличајност гранатирал британски мотор на пареа. Прсокот го разнел делот од локомотивниот котел и тогаш настанало раскинување на оџакот, куполате и безбедносните вентили. Експлозијата била толку моќна што го исфрлила горниот раб на оџакот скоро на четврт километар оддалеченост во висина, а во тој момент пилотот со бомбардерот поминувал над возот.
Иронијата е тоа што машиновозачот преживеал за да раскажува, но погинал пилотот, бидејќи делот од оџакот го погодил авионот.
Мека има метро линија т.н. Al Mashaaer Al Mugaddassah Metro Line, наменета за превоз на муслиманите верници по светите места за време на Хаџ. Железничката линија е отворена само една недела во годината и има возови на секои 2,5 минути и работи со полн капацитет и се претпоставува дека врши превоз во тој период на околу 4 милиони патници.
Јапонската железничка компанија „Санрику“ има специјален воз по име „Котацу“ кој се користи во зимскиот период. Во овој воз секој патник седи на ниски дрвени маси и има добиено ќебе за да се топли со него. Овој воз има тенденција да ја преслика топлината на јапонската дневна соба.
Повеќето доцнења на Амтрак се должат поради тоа што железничките компании им даваат предност на сопствените товарни возови, во однос на патничките возови. Во целокупното 47 годишно сообраќање на Амтрак, овој начин на функционирање е сосема спротивен на законот и досега само еден прекршител е обвинет,.
Њујоршкото метро сеуште користи транспортни средства конструирани во далечната 1964 година. Овој специфичен модел, својата долговечност ја должи на неговата супериорна издржливост и структурна квалитетна изработка. Транспортните средства од овој тип кои веќе не се во употреба се испраќаат во Атланскиот Океан и таму се користат како вештачки гребени
Монореилот од Сан Диего беше именуван Wgasa Bush Line, откако се побара од страна на менаџерите да се стави звучно афричко име. Инаку ова име е акроним за „На никој не му е гајле“- во малку повулгарна верзија.
Јапонските возови се толку многу точни, што за доцнење од само пет минути, патниците добиваат официјално извинување, а честопати добиваат и „сертификат за доцнење“. А ако доцнењата траат повеќе од еден час, за нив се информира и на националните вести.
Париското метро се движи по десната страна, а не од левата. И интересно е дека тунелите кои ги користи метрото се многу потесни од стандардните се до цел истите да не се користат од страна на железницата.
Кога возовите беа воведувани во САД, постоеле мислење дека вакви транспортни возила со „женски облик“ не може да издржат брзина на движење од 50 милји на час и дека ако ја постигнат таа брзина ќе се распаднат.
Просечната должина на товарен воз во САД е 2 километри.
Ако поседувате железнички автомобил, Амтрак ќе ви дозволи да се прикачите за еден од нивните патнички возови и да го отпочнете своето патување.
Некои железнички тркала биле направени од картон за да бидат потивки при движењето, но потоа се исфрлени поради безбедносни причини.
Секој вагон што пренесува јаглен од местото на товарење до електраната губи 3% од својот товар, што значи буквално еден тон јаглен.
Постоeл таен подземен колосек со перон под хотелот Валдорф – Асторија, Њујорк.
Возовите во Јапонија се дизајнирани да лаат како куче или да звучат како елен во насока да го намалат бројот на смртни случаи на диви животни долж железничката линија кога поминуваат.
Возовите остануваат на пругата поради нивната тежина и закосеност, а не поради вдлабнатината на самите тркала.
Патничките возови меѓу германскиот град Путгарден и данскиот град Радби, го носат фериброд за да преминат од едната на другата страна.
Железничката пруга во Мавританија е долга 690 километри и е поставена преку пустината Сахара во Африка. Единствената намена е да се транспортира железна руда во возови долги и до 3 километри.
Германската железница во текот на Втората светска војна им наплаќала на возрасните патници по 4 рајхфенинзи додека ги транспортила во логорите на смртта, додека децата до 4 годишна возраст патувале бесплатно.
Железницата Кингхаи – Тибет мора да користи специјални патнички вагони со вградени механизми за снабдување со кислород за секој патник. Тоа е потребно бидејќи во текот на движењето, железничката пруга се искачува и на висина од 16 000 фита, односно 4.800 метри надморска височина.
Помеѓу 1950 – 1955 година постоел воз по име Машрик – Магреб Експрес кој се движел од западниот дел на Пакистан до најисточниот дел на денешен Бангладеш (односно тогашен Кох – и – Тафтан Балочистан), што се протега 2000 километри на индиска територија.
Трансибирска железница е најдолгата пруга, возовите тргнуваат од Москва во Русија и се патуваат 9600 километри за да се стигне до крајната дестинација Владивосток, дури после една недела патување.