ДУБАИ ГИ ТЕСТИРА НОВИТЕ АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИ, КОИ ЌЕ РАБОТАТ НА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА

Транспортниот орган во Дубаи започна со пилот-проект за изградба на нови автобуски постојки кои се снабдуваат со електрична енергија преку сончеви колектори.

Органот за патишта и транспорт (RTA), соопшти дека започнала  работата со изградба на модел со две автобуски постојки кои ќе се напојуваат со соларна енергија, како решение за автобуски постојки што се надвор од електричната мрежа.

„Создадената соларна енергија ќе се користи за ракување со светлата, климатизерите и билбордите“ -рече Матар Ал Тајер, генерален директор и претседател на RTA.

Тој исто така најави дека RTA, започнала со изградба на уште 48 автобуски постојки со климатизација во Дубаи, 10 во линија, при што вкупниот број би бил 884 автобуски постојки.

„Проектот за климатизирани автобуски постојки е дел од континуираните напори на RTA за подобрување на нивната извонредност и достигнување на нивото лидерство преку преземање на проекти во Дубаи. Главниот урбанистички план на Дубаи  е за подобрување на јавниот превоз и обезбедување на соодветни услуги за патниците, особено во текот на топлите лета.“ – се вели во изјавата на Ал Тајер.

Тој додава дека скоро 1,2 милион патници ги користат автобуските постојки во текот на еден месец.

Новите автобуски постојки, ќе бидат поставени во Инвестицискиот парк во Дубаи, Академскиот град во Дубаи, кај колеџите, во индустрискиот дел на градот, Интернет Сити во Дубаи и JLT.

Во следниве неколку месеци  RTA ќе започне со изградба на уште 10 автобуски постојки, секоја со по 8 места и со можност за конзумација на храна за оние патници кои ќе сакаат да јадат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *