ДОДЕКА ТРАЕ ПАНДЕМИЈАТА, ДЕЛ ОД ПРОЕКТИТЕ ЗА ЕЛЕКТИЧНИТЕ ВОЗИЛА НАПРЕДУВААТ, ДЕЛ ЗАМИРААТ
Електричните возила генерално многу се нестабилни во производството, тие се дизајнираат да забрзаат или запрат во секое дадено време. Истото се случува и на пазарот за електрични возила.
„Се очекува погодената економија од пандемијата да даде поттик на производство на електрични возила во Европа, Кина и останите земји кои се посветени на изнаоѓање ефикасна батерија за електрични возила благодарејки на финансиските донации“ – прогнозира BloombergNEF, примарниот истражуваќки оддел за енергетска транзиција на Bloomberg LP.
Но, во САД продажбата на електрични возила ќе се намали во текот на наредниве месеци, бидејќи политиката за поддршка ослабува, а производителите на автомобили се рефокусираат кон најпрофитабилните производи како што се камиони на внатрешно согорување и SUV.
„Прифаќањето на електичните возила ќе продолжи да расте, што е доста извонредно“ – изјави одговорен за напреден транспорт при BNEF, Колин Меккарахен (главен автор за долгорочна анализа, која го проценува пазарот од сега до 2040 година). „Но таа стапка ќе биде на различен степен во зависност од земјите.“
Во САД, продажбата на електричните возила ќе се намали за 1,7% во 2021 година. Во исто време во Кина, продажбата на електричните возила ќе се зголеми за 8,1%, што преставува најголем удел во продажбата на електронски возила во цел свет. А во Европа се очекува пораст од 5% – според извештајот на BNEF.
Автомобили кои користат горива, сепак ќе сочинуваат половина од глобалната продажба на автомобили во следниве години, според извештајот на BNEF. Во светски рамки, никогаш нема да се купат толку многу камиони и автомобили како што тоа се направи во 2017 година.
Волво се надева дека ќе добие пола од продажбата на електрични автомобили во рок од пет години. Сепак има нешто добро од пандемијата која што ги акцентираше овие аспирации, наведува главниот извршен директор Хакан Самуелсон. „Мислам дека би било наивно да веруваме дека после неколку месеци се ќе се врати во нормала и дека нашите клиенти ќе се вратат во салон и ќе бараат дизел автомобили.“ – изјави Самуелсон на дигиталната конференција на 14 мај. „Ќе се бараат се повеќе електрични автомобили и тоа ќе се забрзува.“
Во меѓувреме Џенерал Моторс сеуште се обидува да ги претстави двата нови електрични модели GMC Hummer и Cadillac Lyriq. Иако инженерите се во своите домови, временската рамка за изготвување на батеријата останува непроменета, според Кен Морис, потпретседател на ГМ за електрични и автономни возила. „Не ја изгубивме битката“ – изјави тој на конференцијата на 12 мај.
Иако пандемијата го намали број на очекувани електрични возила кои требаше да се најдат на продажба, исто така влијаеше и на одлуката колку возила ќе се произведат и каде ќе се произведат.
Прогнозата на BNEF, и покрај сите доцнења поради КОВИД 19 е позитивна и оптимистична. По очекуваниот втор бран на вирусот се очекува глобалната продажба на автомобили да опадне и ќе и требаат пет години за да закрепне. Истотака се очекува и намалено движење и помалку поминати километри на автомобилите и камионите заклучно со 2023 година. На глобално ниво до 2025 година прогнозата предвидува 1 од 10 продадени автомобили да биде електичен автомобил, односно да бидат вкупно продадени 8,5 милиони возила.
Сепак само 13% од овие возила ќе бидат продадени во САД кој е втор по големина пазар на автомобили. Сепак во Кина и Европа се очекува зголемена продажба за да се зајакнат нивните ослабени економии после корона вирусот, бидејќи загаденоста на воздухот се поврзува со жртвите од корона вирусот. Продажбата на електрични возила особено се стимулира со јавните станици за полнење на возилата.
„Оние кои се наклонети кон вакви возила ќе стимулираат купување на истите“ – изјави Меккарахен. „Дефинитивно може да се види сценарио каде што Европа вели: Ова е шанса која не треба да ја пропуштиме.“