ДАНСКА СЕ СОГЛАСИ ДА ИМА 775.000 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ДО 2030 ГОДИНА

Данска се согласи на договор во Парламентот за пуштање во оптек на најмалку 775.000 електрични или хибридни автомобили на данските патишта до 2030 година, во својот последен потег за постигнување на амбициозната цел за намалување на емисиите на стакленички гасови за 70% во 2030 година.

Владата, исто така објави поширока цел, според која треба  да има дури еден милион автомобили со мала или нула емисија на штетни гасови на патиштата до 2030 година, но сегашниот договор ќе обезбеди финансирање за првите 775,000.

Во Данска моментално има околу 20.000 електрични автомобили, што е дел од 2,5 милиони автомобили во моментов на данските патишта.

Според новиот договор, даноците и давачките за автомобили на погон со фосилни горива постепено ќе се зголемуваат, а даноците за новите автомобили ќе зависат од тоа колку испуштаат јаглерод диоксид, заменувајќи го системот што пресметува данок заснован на километражата на автомобилите.

„Просечниот електричен автомобил ќе биде значително поевтин во следните години“, рече министерот за финансии Мортен Боедсков.

Планот, кој во голема мерка ги следи претходните препораки на Данскиот климатски совет, ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за повеќе од 2 милиони тони.

Планот, за кој владата ќе издвои 2,5 милијарди дански круни (407,62 милиони американски долари), ќе биде разгледан во 2025 година, за да се развијат мерки до 2030 година и  да има до еден милион автомобили со нулта емисија на штетни гасови.

Забраната за продажба на дизел и бензински автомобили е кршење на сегашните правила на Европската унија, но владата во петокот ги повтори претходните повици на 11 земји-членки за укинување на автомобилите со фосилни горива на ниво на ЕУ до 2030 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *