ДАЛИ ПОСЛЕДНИОТ ПАКЕТ ЗА МОБИЛНОСТ БАРА ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРОМЕНИ?

„Согласно кризата настаната поради КОВИД 19, товарниот патен превоз која не снабдува со храна, заслужува пофалба, чесна и транспарентна дискусија далеку од протекционистички стереотипи“ – апелира европратеникот Петар Витанов, член на Комисијатаза транспорт и туризам во рамки на Европскиот Парламент.

„Во последниве месеци, целокупната земјина топка се соочи со криза од невидени размери и која до сега не била видена во ваков контекст“ – изјави Петар Витанов. Бугарскиот пратеник ја истакнува суштинската улога што ја играат здравствените работници но и возачите на камиони во ова тешко време. Тој продолжува да објаснува дека возачите на камиони во вакво критично време ги поминуваат границите и се по патишта се со цел да вршат достава на храна и лекови таму каде што е потребно.

Според Витанов, транспортните работници покажале солидарност со сите Европејци во овие тешки времиња. Затоа кон нив треба ние да покажеме солидарност во следниве месеци, па и години. Па затоа според Витанов Пакетот за мобилност на ЕУ треба озбилно да се ревидира пред истиот да стане закон.

„Приоритетната цел на Пакетот за мобилност во ЕУ е да ги подобри работните услови на транспортните работници и да обезбеди непречено и недискриминаторско функционирање на единствениот пазар. Сепак како што напредува ова законодавство, станува очигледна тенденцијата на некои западноевропски политичари да се отстрани конкуренцијата која што доаѓа од Исток и да се води протекционистичка агенда“- вели понатаму Витанов.

Европратеникот потенцира дека сегашното дејствување се заснова врз застарено и несоодветно гледиште за индустријата во комбинација со негативното и пристрасно покривање од страна на медиумите, кои најчесто користат непроверени и неточни информации.

Во таа насока, превозниците се одлучиле да побараат анализи на Пакетот за мобилност во неговата моментална форма. На пример, ваков чекор е направен од страна на Здружението на работодавци „Транспорт и Логистика – Полска“ (TPL), кое подготви извештај во соработка со германскиот професор по логистика, Питер Клаус.

Витанов споменува дека ваква проценка е нарачана од страна на бугарски транспортни компании до најголемата консултантска фирма (KPMG). Според направената анализа се знае дека новото законодавство ќе има значајни последици врз транспортната индустрија.

Во извештајот на KPMG, се наведува дека предложениот услов дека камионите треба да се вратат во матична земја на секои 8 недели со или без товар укажува на фактот дека ќе се зголеми емисијата на стакленичките гасови за 0,8%, само во Бугарија за една година. Воедно европратеникот истакнува дека камионите кои се возат во рамки на бугарските компании се по 4 пати понови за разлика од просекот во ЕУ (камионите во Бугарија имаа просечна старост од околу 3 години, додека во рамки на ЕУ изнесува 11,7 години).

„Ироничен е фактот дека во исто време, оваа мерка е предложена заедно со European Green Deal од страна на Европската Комисија, а тие две мерки се спротиставени една на друга“- коментира Витанов.

Дури и Федерацијата за транспортни работници, која силно го поддржува Пакетот за мобилност, признава дека е направен чекор назад во споредба со досегашните правила.

Според мислењето на Петар Витанов „КОВИД 19 покажа што значи нарушување во транспортната индустрија. Оваа индустрија заслужува чесна и транспаретна дискусија, далеку од протекционистичките стереотипи. Солидарноста мора да постои за сите Европејци и во секое време, а не само во кризни моменти“ – заклучува Витанов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *