ДАЛИ ПОДОБРУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ СТАНИЦИ МОЖЕ ДА ГО ЗАБРЗА ЗАКРЕПНУВАЊЕТО ОД КОВИД 19

Компанијата за анализа на податоци EMSOL – Air quality action во соработка со Управителот на железничката инфраструктура во УК, Network Rail, а во насока на набљудување на квалитетот на воздухот на железничките станици, изготвија стратегија за намалување на загадувањето.

Проектот во голема мерка може да им користи на пациентите кои се опоравуваат од КОВИД 19, како и на лицата со респираторни проблеми, кои се изложени на многу слаб квалитет на воздух во загрозените, односно затворените области.

Прво познато истражување кое се однесува на корелација на КОВИД 19 со загадувањето покажа дека пост-коронарниот свет нема да биде одржлив без подобрување на квалитетот на воздухот – особено затоа што болеста може да предизвика оштетување на белите дробови кое трае и после шест месеци по заразата.

Иако може не станува збор за примарна област на интервенција, железничката индустрија ќе мора да ја одигра својата улога во оваа транзиција, во насока на замена на дизел локомотивите и намалување на емисиите на гасови на и покрај железничките станици.

Британскиот EMSOL во моментов работи на помагање на забрзување на овој процес во Велика Британија. Во текот на деветмесечниот иновативен проект на ВБ во соработка со Network Rail и Источно – западната железничка алијанса, компанијата ги набљудуваше станиците  Birmingham New Street и Bletchley, за да може да одреди области каде е потребна интервенција.

Состојбата пред КОВИД 19

Дури и пред појавата на КОВИД 19 и прогласувањето на светска пандемија, неодамнешна студија на Харвард покажа дека ниското ниво на квалитет на воздухот кај милиони луѓе во Велика Британија влијае така што се јавува астма и респираторни проблеми.

Како што еден експрет од EMSOL, Маркус Мајерс, објаснува дека овој проблем се однесува директно на железниците бидејќи милиони патници го користат овој вид на превоз на дневна база.

„Бидејќи возовите треба да бидат достапни за секој, тие не смеат во никој случај да преставуваат бариера која негативно влијае на јавноста односно ќе предизвикува луѓето да не можат да дишат квалитетен воздух“ – вели тој.

Во Велика Британија железничкиот превоз е намален за 95%, како резултат на мерките донесени од страна на Владата за заштита од КОВИД 19.

Но кога ќе започнат операциите за враќање на животот во нормалните текови, возовите ќе се вратат на железничките  пруги, квалитетот на воздухот најверојатно ќе се влоши, ставајќи ги во опасност пациентите болни од КОВИД 19 и оние со респираторни проблеми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *