ГРУПАЦИЈАТА РЕНУС ЈА ЗАЈАКНУВА СВОЈАТА ПОЗИЦИЈА НА БАЛКАНОТ СО КУПУВАЊЕ НА ХРВАТСКИОТ ЛОГ АДРИА
„Ренус“ ги проширува своите деловни активности во поранешна Југославија со преземање на хрватската логистичка компанија „Лог Адриа“. Целта на Групацијата Ренус, како што е наведено во соопштението, е да ги интензивира операциите во областа на шпедицијата, транспортот и придружните услуги преку пристаништата Риека и Плоче.
Ренус и Лог Адриа успешно соработуваа претходните години и со оваа аквизиција, глобалната група сега го зајакнува своето присуство во балканскиот регион.
Rhenus веќе работи во Србија, Словенија, Романија и Бугарија, а сега, за прв пат, има своја компанија во Хрватска.
Лог Адриа, основана во 2014 година, обезбедува поморски транспорт и шпедитерски услуги во своето седиште во Риека. Тие исто така имаат филијала за поморски транспорт во Плоче, како и канцеларии за авио транспорт во Загреб и Белград.
Групацијата Ренус е еден од водечките светски добавувачи на логистички услуги. Со годишен обрт од 5,4 милијарди евра и 33.500 вработени на 820 деловни локации, тие обезбедуваат иновативни решенија низ целиот синџир на снабдување (транспорт, складирање, препраќање, услуги со додадена вредност…).
Дел од групата се Rhenus PartnerShip Србија (до октомври 2020 година под името CFND; компанија специјализирана за транспорт на стоки на внатрешните речни патишта по сливот на Дунав), како и Rhenus Commodity Logistics d.o.o. Белград.