ВО УРБАНИОТ МЕТРО ПЛАН НА ГУАНГЖУ СЕ ПЛАНИРААТ НЕКОЛКУ МЕТРО ЛИНИИ СО ГОЛЕМА БРЗИНА ОД 250 КМ/Ч

КИНА: Општинскиот совет на Гуангжу го одобри 15-годишниот план за зголемување на пазарниот удел на јавниот превоз на 80% преку развој на сеопфатна урбана железничка мрежа заснована на три метро линии и тоа „експрес метро линии“ и три „хај спид метро линии“.

Времето на патување помеѓу поголемите градови во рамките на Гуангдонг – Хонг Конг – Макао, односно големата Заливска област ќе се намали на 60 мин или помалку.

Метро мрежата на Гуангжу во моментов е долга 515 км, ставајќи ја на третото место во светот по Пекинг и Шангај.

Во тек е работа на експресните метро линии и тоа број 18 со брзина од 160 км/ч и должина од 65.3 км од метро станицата Гуангжу Донг до Ванкинша со девет станици и линијата 22 која е долга 31 км од Баитан до Ванкингша со 10 станици. Планираната линија 28 ќе биде долга 110.3 км од метро станицата Фосанкси до Ксинстанг со 18 станици.

Трите планирани метро линии со голема брзина ќе имаат максимална брзина од 250 км на час. Едната е во должина од 81.7 км од станицата Сино-Сингапур Гуангжу Ситин Дон, до Нанша со седум станици, а исто така и аеродромската метро линија помеѓу Гуангжу – Конгоа ќе биде со голема брзина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *