ВО ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА ЗАБРАНАТА ЗА РЕКРЕАТИВНОТО ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД, ЕДНА ОД МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Во период на светска пандемија на коронавирус, се преземаат драстични мерки за заштита на граѓаните. Меѓу нив е и мерката за забрана за користење на велосипедот како  начин на рекреација. Најпрвин оваа забрана ја воведе Италија, а по нејзини стапки ваква строга забрана воведе и Шпанија.

Забраната не важи ако се користи велoсипедот како превозно средство и притоа се оди во набавка на храна и лекови.

Во Италија казната е многу висока која стигнува дури до 3000 долари, додека пак во Шпанија казната изнесува околу 100 долари, но притоа може да биде изречена и мерка затвор во траење до една година, ако рекреативно се употребува велосипедот.

Препораката на шпанските власти е  велосипедистите да седат дома, да не ризикуваат да се разболат од вирусот или пак да се здобијат со некоја полесна или потешка телесна повреда и со тоа да го дополнително да го оптеретат здравствениот систем, кој и онака се наоѓа во незавидна ситуација.

Воедно се откажуваат и етапните велосипедски трки, бидејќи истите  се одвиваат во региони кои од страна на Светската здравствена организација се окарактеризирани како кризни региони, поради коронавирусот.

Како за пример, откажана е велосипедската трка која требаше да се одржи во Баскискиот регион, во периодот од 6-11 Април 2020 година. За кога е одложена трката не е потврдено, туку дека истата ќе се реализира кога ќе се создадат услови и кога во координација со локалните власти би се реализирала.

Откажана е велосипедската„ трка на две мориња“ Тирено – Адријатико, потоа трката Страде Бјанче, а клучната трка Милано – Сан Ремо е откажана по четврти пат во еден век постоење.

Откажана е пред трката на Giro d’Italia, а тоа е Tour de Romandie, која се одржува на швајарските Алпи.

Giro d’Italia (Тура низ Италија), која требаше да започне на 9 мај 2020 година е одложена истотака поради заштитните мерки од коронавирусот.Не се очекува презакажување на трката пред да се тргнат постоечките забрани наметнати од италијанските власти се со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Согласно условите се очекува да биде откажана  и трката Париз – Рубекс, којашто треба да се одржи на 12 април 2020 година, а се со цел е спречување на понатамошно ширење на вирусот. Понатаму би се откажале и Трката на Фландрија, Брабанце Пил и Амстел Голд, ако ситуацијата во блиска иднина остане непроменета.

Изјавата на Дејвид Лапартиент, претседателот на (UCI) Интернационалната Унија на велосипедистите,  е дека би било многу поразителен факт за велосипедизмот како спорт, ако се откаже трката во Франција, Tour de France, која што е закажана да се одржи на 27 јуни 2020 година. Инаку оваа трка само двапати била откажана и тоа во времето на  двете светски војни.

One thought on “ВО ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА ЗАБРАНАТА ЗА РЕКРЕАТИВНОТО ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД, ЕДНА ОД МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *