ВО ДАНСКА ИЗРЕЧЕНА ГЛОБА ОД 67.000 ЕВРА ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КАМИОН

На крајот на јануари оваа година, данските власти, при контрола на германски возач, идентификувале 28 престапи што се однесуваат на време на возење, паузите и периодите на одмор. Возачот целосно ги игнорирал правилата во период од 28 дена пред да се спроведе контролата.

При прегледот на податоците за тековниот ден полицијата утврдила четири прекршоци. Со проверка на претходните 28 денови, полицијата утврдила дека младиот возач го управувал подолго од дозволеното возилото скоро секој ден, односно од 9 до 10 часа на ден. Дури четири пати возачот возел помеѓу 16 и 22 часа во текот на денот. Шест пати тахографот забележал паузи кои траеле само два до пет часа, а честопати возачот го управувал возилото помеѓу 7 и 10 часа на ден.

Насекаде во кабината полицијата пронашла голем број празни лименки од енергетски пијалоци, па се верува дека возачот пиејки енергетски пијалоци останувал буден.

Поради ваквото однесување изречена е казна од 500 000 ДК за возачот и превозникот, што е скоро 67.000 евра. Полицијата исто така ги одзела од возачот, возачката дозвола и камионот, а судењето е закажано за јуни.

Извор: office-ivanovic.rs

One thought on “ВО ДАНСКА ИЗРЕЧЕНА ГЛОБА ОД 67.000 ЕВРА ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КАМИОН

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *