ВО ГОЛЕМ ДЕЛ СУСПЕНДИРАН ПАТНИЧКИОТ ПРЕВОЗ КОН И ОД КИНА ОД СТРАНА НА ПРЕВОЗНИТЕ ОПЕРАТОРИ

Се поголем број авиокомпании ги откажуваат летовите кон Кина заради избувнувањето на коронавирусот. Досега вирусот предизвика повеќе од 130 смртни случаи, брзо се шири низ Кина и досега се има раширено кон најмалку 16 други земји, вклучувајќи ги Германија и Франција.

„Бритиш ервејс“ ги прекина сите директни летови до и од копното Кина до март, додека „Луфтханза“, „Свис“ и „Австрија ерлајнс“ првично ќе престанат да летаат кон земјата до 9 февруари. Финаир и КЛМ соопштија дека ќе укинат некои летови кон Кина.

Авиокомпании кои ги откажаа / намалија летовите кон Кина / градовите во Кина:

United Airlines
British Airways
Lion Air
Scoot
Finnair
Malindo
Air Asia
Cebu Pac
Philippines Airlines
Air France
Algerian
Air Canada
Jetstar
Cathay Pacific
Air Seoul
American Airlines
Lufthansa
Air India
Jeju Air
Jin Air Co
Air Macau
Air Mauritius
IndiGo

Ова ембарго треба да се направи до март бидејќи вирусот веројатно ќе достигне врв околу 90 дена по избувнувањето на епидемијата. Тоа значи дека епидемијата не би завршила до почетокот на мај (врз основа на искуствата со САРС вирусот).

Ќе биде голем предизвик за милиони кинески патници да се вратат дома откако ќе ја прослават својата Лунарна нова година.

Исто така, Русија го ограничи железничкиот превоз со Кина започнувајќи од 31 јануари, оставајќи ги само директните возови меѓу Москва и Пекинг да сообраќаат, како одговор на кризата со коронавирусот, изјави вчера вицепремиерката Татјана Голикова.

„Со одлука на центарот за итни случаи, ќе го ограничиме железничкиот превоз од полноќ (31 јануари), односно од четврток спрема петок. Возовите на директната линија Москва-Пекинг, Пекинг-Москва ќе возат“, изјави Голикова.

Поред ограничувањата во авио и железничкиот сообраќај, од 27 јануари патничките крузер – бродови веќе не застануваат на кинеските пристаништа како превентивна заштитна мерка од коронавирусот. До сега од проверени 5.000 патници и 1.200 лица од екипажите на крузер бродовите, кај 4 лица е констатиран вирусот, а 149 лица се под надзор.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *