ВЛАДАТА ЈА ОДОБРИ ТРАСАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЛИНИЈА КОН АЛБАНИЈА

Предлогот за продолжување на пругата Скопје – Кичево осо нови 62,6 км до Струга, како прва фаза на железничкиот коридор кон Албанија беше прифатен од Владата на 22 септември.

Министерството за финансии сега ќе побара 426 милиони евра финансирање од меѓународните финансиски институции и доверители за проектот.

Предложената линија со едноколосечна пруга ќе вклучува 4,5 км мостови и 12.4 км тунели. Би била дизајнирана за максимална брзина од 100 км/ч.

На среден рок, С. Македонија планира да го заврши својот дел од западниот дел на Коридорот VIII, што ќе создаде создавање на железничка врска до Албанија. Првично, планирана е траса од 63 километри помеѓу Кичево и Охрид до 2030 година.

Усвоениот избор на решение на пругата ги има следните карактреристики:

Со оваа линија, Албанија ќе го добие вториот меѓународен железнички премин, а нашата земја ќе го заврши проектот кој е започнат дамнешната 1952 година со изградба на првата фаза од пругата Скопје-Кичево, односно неговото завршување во 1969 година.

Се надеваме дека истовремено со изградбата на следната фаза, ќе започне електрификацијата и модернизацијата на системот за регулирање на сообраќајот на првата делница, од Скопје кон Кичево.

Потсетувања од железничката историја

Во минатиот век, поточно во 1956 година завршена е првата фаза од пругата кон Бугарија, поточно помеѓу Куманово и Бељаковце и тука застануваат сите градби понатаму на оваа делница

Првата делница од Скопје до Кичево е најголемиот железнички проект во нашата држава после Втората светска војна, а последната изградена пруга е Градско – Шивец во 1983 година.

Од 1983 година до денес само е намален бројот на пруги во експлоатација, поточно, пругите Куманово- Бељаковци и Бакарно Гумно-Сапотница не се во функција, а делот од Битола до државната граница со Р. Грција, Кременица се обнови и  се врати во функција оваа година со помош на ИПА фондовите од ЕУ.

Се надеваме дека во блиска иднина на Коридорот 10 ќе започне изградба на двоколосечна пруга со максимална брзина од 160 км/ч, опремена со европскиот систем за регулирање на сообраќајот што ќе претставува влез во новата ера на железниците и кај нас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *