АРЧЕЛОРМИТАЛ ГО НАМАЛУВА ПРОИЗВОДСТВОТО – ПОБАРУВАЧКАТА НА ПАЗАРОТ СЕУШТЕ Е СЛАБА

АрчелорМитал (ArcelorMittal) денес, 29 мај ја објави својата одлука да преземе дополнителни чекори за да го прилагоди нивото на европското производство со моменталната побарувачка на пазарот.

Врз компанијата продолжува да влијае слабата побарувачка на пазарот и високите нивоа на увоз во Европа.

Како резултат на тоа, АрчелорМитал планира:

  • Намалување на примарното производство на челик во нејзините објекти во Данкирк, Франција и Ајзенхутенштат, Германија;
  • Намалување на примарното производство на челик во објектите во Бремен, Германија во четвртиот квартал од оваа година, каде што ќе продолжи планираниот ремонт на високите печки;
  • Продолжување на планираниот ремонт во четвртиот квартал од оваа година на високата печка во челичаната во Астуријас, Шпанија.

Коментирајќи, Герт ван Полвоорде, извршниот директор на АрчелорМитал Европа – Рамни производи, изјави:

„Ова е повторно тешка одлука за нас што ја преземавме, но поради состојбата на пазарот, сметаме дека е разумно да се продолжи со соодветни мерки. Ова ќе бидат привремени мерки кои ќе се променат кога ќе се подобрат условите на пазарот. Во меѓувреме, нашите вработени остануваат наш најголем приоритет и правиме се што можеме социјално да ги згрижиме нив и нивните семејства во ова тешко време“.

На 6 мај, АрчелорМитал ја објави својата намера привремено да ги сопре своите капацитети за производство на челик во Краков, Полска, и да го намали производството во Астуријас, Шпанија. Најавата, исто така, влијаеше на планираното зголемување на испораките на АрчелорМитал Италија до годишна стапка од 6 милиони тони; планираното зголемување ќе се забави по одлуката за оптимизирање на трошоците и квалитетот во однос на количината поради моменталната состојба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *