АКЦИИТЕ НА „UBER“ ПРОДОЛЖУВААТ ДА ПАЃААТ УШТЕ ПОВЕЌЕ
Цената на акциите на „Uber“ паднаа за уште 11 отсто во услови на пошироки превирања на берзата, односно по ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина.
Акциите во апликацијата за споделување на такси услуги на компанијата „Uber“ паднаа под цената од 45 долари, со која почнаа да тргуваат во петокот, со што компанијата го направи своето деби на берзата.
„Uber“ започна со тргување во истиот период кога САД и Кина го зголемија нивото на трговските царини. Индустрискиот просек на Дау Џонс падна за повеќе од 2% во понеделникот.
Аналитичарите на компанијата Wedbush Securities изјавија дека „Uber“ очигледно немал „почеток на приказната“ како „инвеститори бидејки и понатаму продолжуваат да се борат со вреднувањето на силниот теч-транспорт, особено кога во позадина го чувствуваат ризикот од зголемените трговски тензии меѓу САД и Кина, како и пазарна изнемоштеност“.
На поширокиот пазар, американските берзи беа погодени од веста дека Кина планира да воведе нови царини на американските производи од 1. јуни во вредност од 60 милијарди американски долари. Овој потег доаѓа како одмазда за одлуката на претседателот Доналд Трамп од минатата недела за двојно зголемување на даноците на производите од кинескиот увоз.
Кој е уберовиот пат до профитот?
Додека Uber го прави своето деби на њујоршката берза, се остварува проценката дека може да биде помала за 100 милијарди долари. Но, тоа сепак претставува храбар влог на брз раст во наредните години.
Размислете за тоа вака: го повикувате возилото на „Uber“, влегувате и констатирате дека возачот нема јасна идеја за тоа колку долго ќе трае патувањето, која е најдобрата траса или колку може да чини. Тоа е позицијата во која се наоѓаат потенцијалните инвеститори, откако ќе прочитаат голем број на амбициозни изјави за намерата да се фати значаен дел од пазарот во вредност од 12 трилиони долара.
Што мислат возачите на „Uber“ за „Uber“?
Со започнување на продажбата, возачите во Велика Британија и САД штрајкуваат поради платите и условите. Тие сакаат повеќе пари да одат за нив, наместо за инвеститорите.
Пред 2016 година возачите плаќаа на Убер 20% од својата заборатувачка. Условите за новите возачи се сменија во Лондон во 2016 година. Тие сега плаќаат 25% од своите цени.
„Ништо не се сменило од кога ги прочитав условите, и мислев да, ова е фер. Жртвата што ја давате за слободата е да не добивате плата за годишен одмор. Многу возачи вработени се и на други места.
Започнувам со работа околу 15 часот и возам до полноќ или до 01:00 часот.
„Кога бев вработен, поголемиот дел го работев во канцеларијата и возев 10 часа неделно, вели тој. Со мојата нова работа, нема „патување, нема домашни задачи“. Можам да бидам целосно опуштен на одмор.
Сепак, едно нешто што му недостига е другарството и да се биде дел од канцеларијата, вели тој.
Извор:www.bbc.com