СВЕДОШТВА НА „ВОЗАЧОТ ОД АПОКАЛИПСАТА“ И „ВОЗАЧОТ ШТО НЕ СМЕЕ ДА СИ ГО ВИДИ СИНОТ“
Еден твит на возачот по име Кристијан Пржестелески од Полска предизвика лавина реакции, тој доби преку 1500 реакции за помалку од 12 часа. Неговиот твит гласи: „Дојде денот кога после осум години работа како возач кога можам себеси да се наречам , возач од апокалипсата. Се движам на сите страни, се со цел да доставам храна на масите на некои луѓе. Држете ми среќа со вкрстени прсти! Можеби некој ќе го цени ова, откако сето ова ќе заврши“.
Кристијан Пржестелески – возачот од апокалипсата
Кристијан Пржестелески е млад човек кој треба да се жени во август, но тој не е сигурен дека тоа ќе се случи, бидејќи наслушнал дека сеуште не е познато дали свадбите ќе бидат дозволени.
Во моментов вози на релација, од Аџи до Данска и пренесува замрзнати кокошки. Искрено не очекувал неговиот пост на твитер да биде толку многу интересен и прифатен. За себеси смета дека не е толку популарен и влијателен на оваа социјална мрежа, туку единствено ја користи како место каде ги дознава најновите информации. А инаку твитот кој што го постирал на оваа мрежа го искажува неговото мислење во врска со новонастаната ситуација поврзана со корона вирусот, особено во моментот кога почнуваат да се затвораат границите, магацините, а особено тоалетите по патиштата.
„Транспортот е крвоток на глобалната економија. Ако ние возачите застанаме, се ќе застане“ – изјавува Кристијан Пржестелески.
Но се случуваат и многу непријатни работи по пат, па така Кристијан изјавува –„Мене не ми беше дозволено да се истуширам во компанијата каде го доставувавм товарот и морав да го користам тоалетот на блискиот градежен пазар. Потоа кога седнав на клупа да користам бесплатно wifi , ми беше речено да не седам така…“
„Најстрашното е што цело време сум на пат, а не смеам да ги користам тоалетите по пат, се чувствувам како во средниот век“ и потоа под самиот пост прикачил слика пред тоалетот каде што има залепено објава :„Се извинуваме! Тоалетите се затворени. Ве молиме користете го средството за дезинфекција поставено кај касата“
Самиот Кристијан смета дека седењето во кабина е сосема добра мерка за заштита на неговото здравје, но некогаш едноставно е неподносливо, особено кога доаѓа на истовар, со часови треба да чека да му се истовари камионот, а притоа не му е дозволено да ја напушти неговата кабина. Дури објаснува една таква ситуација, кога стигнал на местото на истовар било 10 :30 часот, а кога завршил истоварот и требало да си замине било веќе 18:30 час.
„Сакав да отидам до главната канцеларија и да направам збрка околу долгото чекање, но поголема збрка ќе се случеше со самото мое излегување од кабината на камионот“ – изјавил Кристијан, како реакција на претходно опишаната случка. Потоа додал, „сите треба да сме добро организирани, затоа што сите сме со тајминг за завршување на некои работи во иднина, па затоа треба да се почитува временската рамка“.
Но работите добиваат само полоша димензија, за време на неговиот последен растовар, првото нешто што го слушнал Кристијан е: „подај го твоето чело, треба да ти измериме температура“ наместо „добар ден“ или „добро утро“.
Кристијан ги почитува сите мерки и препораки, вели дека се важни за да остане здрав. Тој редовно ги мие своите раце, конзумира витамин Ц, ја спушта завесата кога е на паркинг и не се меша во поголема група на луѓе.
Неговата фамилија не побарала од Кристијан во ниту еден момемнт да престане да вози, ниту пак тоа го сторила идната сопруга. Тие знаат дека ако не извозам доволно километри во текот на месецот, јас нема да можам да земам плата. Но сепак Кристијан е веќе уморен од возење и заработката која не е доволна, бидејќи истотака има обрврски во однос на осигурителната компанија, поради незгода која се случила и приколката слетала во ров покрај патот.
Маријан Мрошек – возачот кој не смее да го види сопствениот син
Маријан Мрошек е истотака возач на камион, кој се побунил поради немањето доволно средства за дезинфекција, тој вели: „Не може да се очекува, да се направи дезинфекција на целата кабина со само една влажна марамица“. Пред да тргне на пат, неговиот газда им делел по една маска на сите возачи (којашто воопшто не е доволна, за времетраењето на превозот што го вршат), а средства за дезинфекција и ракавици воопшто не добиле. Пред да тргне на пат единствено што успеал да купи, а тоа било шише вотка, но не за да пие, туку да има нешто со кое би можел да врши некаква дезинфекција. (по неговата реакција, направени се значителни промени во врска со дезинфекцијата).
Истовремено, тој вели дека мора да биде трпелив при извршувањето на нивната работа, бидејќи за нарачките кои треба да се товарат во нивните камиони се чека по подолго време.
Маријан вози за една голема компанија која е специјализирана за транспорт во индустријата и очекува дека обемот на работа ќе се намали поради состојбата со корона вирусот. Тоа може да се случи поради затворањето на границите, вели дека ја имал таа среќа да ги помине сите граници пред да се затворат, но дека движењето станува невозможно особено кога го видел кордонот на полицајци кои се наредиле по германската граници. Од таму ги пропуштале сите само да заминат и да ја напуштат територијата на Германија.
Додека пак во Франција ситуацијата била многу поразлична, сите биле поопуштени, никој не носел маски и ракавици и никој не презел мерки за сопствена заштита туку сите биле заедно во една голема група. Маријан презел мерки за да се заштити самиот, така што си врзал марама врз неговото лице, тоа го направил бидејќи ги знаел мерките за заштита од другите земји и секако дека бил уплашен во таа ситуација.
Во Обединетото Кралство, добил памфлет во кој биле напишани инструкции како да се врши дезинфекција на целата кабина. Тој единствено прашал дали истата дезинфекција ќе биде и од надвор и од внатре на кабината.Потоа работите се смениле на полошо, кога тргнал во тоалет, кој на негово изненадување бил отворен, но ниту едно средство за дезинфекција немало внатре во тоалетот, па дури ни топла вода за миење раце немало. Кога ги прашал вработените, зошто нема средства за дезинфекција, тие само ги подигнале нивните раменици и ништо не одговориле. И тоа не било единствениот пат кога морал да ги дезинфицира сопствените раце со вотка.
Маријан е доста внимателен кога се работи за следење на препораките, тој дури љубезно одбил да се ракува со друг човек што го сретнал. Човекот со кого се сретнал можеби се навредил, но што е тука е, вели Маријан, мора да се внимава на сопственото здравје. Друг колега пак презел драстични мерки, не сакал ниту да ја напушти својата кабина, па комуницирал со нив преку затворен прозорец.
„Не само што треба да мислам на себеси , треба да мислам и на здравјето на другите. Мојата бивша партнерка работи во здравствениот систем, таа е многу загрижена, бидејќи знае се што се случува во болниците и на се што има дефицит, па затоа не беше многу среќна кога решив да заминам на пат со камионот. Таа ми рече дека не треба да тргнам да ја возам оваа тура, но јас и одговорив дека и таа не треба да оди на работа“ – се сеќава Маријан.
Тој морал брзо да се врати од својата работа бидејќи го чека судење, неговата бивша сопруга сака да ја зголеми алиментацијата за нивниот син. Таа му рекла дека кога тој ќе се врати од пат, нема да смее да види сопствениот син, но тоа не ме изненадува,вели тој, туку е сосем разумно со оглед на ситуацијата и заразата со КОВИД 19.
Дали возачите се херои?
Кристијан Пржестелески вели дека не е херој, туку дека само си ја извршува својата работа, исто како што лекарите ја вршат својата. Но секако, надополнува тој, многу е кул кога сега веќе сите почнаа да забележуваат колку траспортот е важен, никој до сега не беше свесен за неговата важност. За нив електричната струја доаѓа од штекерот, а млекото од рафтовите на продавницата. Тие не сфаќаат дека позади ова стои голем ланец на производители и добавувачи, за сето ова да го има непречено.
Сега многу луѓе ме прашуваат како и каде сум ја добил возачката дозвола затоа што сакаат да се преквалификуваат и да станат возачи бидејќи во овој сектор сега има многу работа.
Сега за сега сите се благодарни, но Кристијан се плаши дека во блиска иднина луѓето може да го сменат својот став, да прејдат кон критика и да ги осудат возачите бидејќи истите може да станат потенцијални преносители на заразата.
На еден возач му се случило да влезе во продавница и сите да замолчат и очигледно да почнат да го избегнуваат. Друг возач додава дека мислењето кон возачите постепено добива попозитивна слика, некои луѓе нема никогаш да не сакаат, но барем остатокот ќе почне да гледа поблагонаклоно кон нас. „Но сепак останува фактот дека возачите се потенцијален извор на зараза затоа што ја патуваат цела Европа“– вели тој.
Од друга страна Маријан Мрошек не размислува за реакциите на остатокот на светот кон неговата професија. Маријан верува дека во ваква ситуација, секој треба да си ја гледа својата работа, тој надополнува дека е особено среќен што може да оди на работа и да биде корисен многу повеќе отколку да седи дома и да пишува и да мудрува на интернет.


