ОТКРИТИЈА ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

Краток осврт за историјата на автомобилизмот

Изумителот на првиот автомобил е Карл Фридрих Бенц од Германија во 1885 година. Првите американски автомобили се произведени од страна на браќата Дуреа во 1892 година, а во 1908 година Форд измислил ефтин автомобил со што е означен почетокот на линиско производство на автомобили.

Краток историски развој на патниот сообраќај

  • 6500 година п.н.е. е измислено тркалото од страна на Сумерите

  • 3500 година п.н.е животните започнуваат да ги влечат возилата со тркала во Месопотамија

  • 44 година измислена е инвалидската количка од страна на Кинезите

  • 1769 година, во Франција е измислено првото возило со три тркала кое се движело на пареа

  • 1791 година, во Шкотска е измислен велосипедот

  • 1792 година, во Франција е измислена кола за брза помош за војската на Наполеон

  • 1839 година, во Шкотска е измислен електричен автомобил

  • 1869 година, во Германија е измислен модерниот моторцикл

  • 1882 година, во Берлин е во употреба првиот тролејбус

  • 1885 година, во Германија е измислен мотор на внатрешно согорување

  • 1892 година, во САД е започнат да се вози првиот автомобил на бензин

  • 1893 година, во Франција е измислена возачката дозвола

  • 1895 година, во Германија е измислен дизел – моторот

  • 1905 година, во САД е измислен хибриден автомобил

  • 1908 година, во САД е започнато масовно линиско производство на Форд автомобилотод марката модел Т
  • 1923 година, во САД е измислена сообраќајната сигнализација

  • 1959 година, во Шведска е измислен безбедносниот појас за врзување

  • 1980 година, во САД се измислени ролерите

  • 2001 година, во САД се измислени  Segway електричните превозни средства на две тркала

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *