WIZZ AIR ПЛАНИРА ДА ЈА ЗГОЛЕМИ ФЛОТАТА НА АВИОНИ КОИ ЛЕТААТ КОН БЛИСКИОТ ИСТОК

Нискобуџетната компанија Виз Ер планира да ја зголеми својата флотата на авиони кои летаат кон Блискиот Исток на 100 авиони, поради престојното преселување во Абу Даби, вели извршниот директор на Виз Ер, Јозеф Варади. Варади најави дека управувачкиот одбор на Виз Ер ќе се пресели од Дубаи во Абу Даби.

Говорејќи на виртуелен самит и во однос на патувања кон Арапскиот свет, Варади изјави дека престојат промени на бројот на летови кон GCC регионот.

„Ако погледете што се успеавме да направиме во рамките на ЕУ, односно успеавме да ја зголемиме флотата на нашите авиони во последниве 15 години и сега таа бројка изнесува 100 авиони, би требало истото да можеме да го сториме и во Абу Даби.“ – истакна тој.

„Ние сакаме да служиме на Обединетите Арапски Емирати , а можеби и на пошироките пазари на GCC регионот.

Во 2019 година Виз Ер слета на 151 аеродром во 44 различни земји. Омпанијата поседува флота од 120 авиони „Ербас“ со опција да купи уште 20 авиони од типот Airbus A321XLR.

Гледајќи кон иднината, Варади верува дека сегашните донесени мерки за борбата против корона вирусот во секторот за воздушни патувања ќе бидат неодржливи.

„Додека аеродромите и авиокомпаниите се тивки, полесно се практикува социјалното дистанцирање, но не може да се одржи истото кога ќе се започне да се функционира во полн капацитет.“ – изјави Варади.

„Нема научни докази кои велат дека има луѓе кои се заразиле додека летале со авион“ – вели тој. „Всушност воздухопловната филтрација на воздухот е слична на онаа на единицата за  интезивна нега“ – изјавува Варади.

„Сепак јас ги поддржувам препорачаните мерки, носење маска, дезинфицирање на  рацете, non-cash метод на плаќање на кетерерингот во авионот и отсранувањето на списанијата од авионите.“ – додаде Варади.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *