VOLVO TRUCKS СО РЕКОРДНА НАРАЧКА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ КАМИОНИ
„Ова е камен -темелник на нашата посветеност за транспорт без фосилни горива и јас сум многу горд на партнерството што го имаме со DFDS. Заедно, му покажуваме на светот дека електрифицираниот транспорт на тешки товари е остварливо решение денес. Верувам дека ова ќе охрабри многу повеќе клиенти да го направат самоуверено првиот чекор во сопственото патување до електрификацијата“, изјави Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks.
Првите испораки на Volvo FM Electric до DFDS ќе започнат во четвртиот квартал од 2022 година и ќе продолжат во 2023 година. Камионите ќе се користат за кратки и за долги патувања во логистичкиот систем на DFDS во Европа.
“Во DFDS, ние сме посветени да ја одиграме нашата улога во намалувањето на емисиите на CO2 и создавање одржлив ланец на снабдување. Знаеме колку е важна електрификацијата во патот кон постигнување на нашите цели за CO2, и се надевам дека ќе можеме да ги инспирираме и другите. Се движиме напред во оваа витална транзиција “, објаснува Никлас Андерсон, извршен потпретседател и шеф за логистика на DFDS.
FM Electric има комбинирана максимална дозволена маса од 44 тони и има дострел до 300 километри. Со полнење за време на паузата за ручек, може да се продолжи со возењето. Возилата може да се полнат и ноќе во складиштето (секој камион се снабдува со полнач за наизменична струја) и со полнење со голема моќност по нивната траса (DC полнење). DFDS избра финансиско решение обезбедено од Volvo Financial Services.
Трендот на електрификација на пазарот на тешки товарни возила се забрзува. Досега годинава, неколку стотици камиони над 16 тони се регистрирани во Европа. Околу 40 проценти од нив се електрични камиони на Волво.
„Нашата јасна цел е да ја стимулираме трансформацијата во електрични камиони и нашата водечка позиција на пазарот покажува дека дефинитивно сме на вистинскиот пат. Нашата цел за 2030 година е половина од нашите глобални испораки на камиони да бидат електрични. Среќни сме што гледаме дека зголемениот интерес кај нашите клиенти почнува да се рефлектира во големите нарачки, не само во оваа импресивна нарачка на DFDS “, вели Роџер Алм, претседател на Volvo Trucks.
Volvo Trucks започна масовно производство на електрични камиони во 2019 година и беше една од првите марки што го стори тоа. Асортиманот на производи сега вклучува шест модели на електрични камиони – Volvo FH, Volvo FM, Volvo FMX, Volvo FE, Volvo FL и Volvo VNR.
DFDS обезбедува фериботни и транспортни услуги во и околу Европа, генерирајќи годишен приход од 19 милијарди дански крони. Нејзините 10.000 вработени се лоцирани во повеќе од 20 земји. DFDS е со седиште во Копенхаген и е инкорпориран во Nasdaq во Копенхаген.