MAN TRUCK & BUS ЌЕ ПРОГЛАСИ 9 500 РАБОТНИЦИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК КАКО ДЕЛ ОД ПЛАНОВИТЕ ЗА РЕСТРУКТУИРАЊЕ

Производителот на комерцијални возила MAN објави дека ќе намали 9 500 работни места во сите области на компанијата во Германија, Австрија и ширум светот.

MAN Truck & Bus велат дека отпуштањата се дел од „систематското преуредување“ со цел компанијата да се биде „значително подигитална, автоматизирана и профитабилна на подолг рок“.

Дел од компанијата е Секторот за производство на камиони, т.н. „Тратон“, чиј што извршен директор ненадејно ја напушти својата позиција во месец јули годинава.

Веста за намалување на бројот на работни места доаѓа откако MAN Truck & Bus објави загуби од 387 милиони евра во првата половина на оваа година. Во соопштението за печат на производителот, се вели дека некои процеси на производство и развој ќе бидат преместени на други места.

Како последица на тоа, иднината на неговото производство во  Steyr и местата за модификација во Plauen и Wittlich не се сигурни.

Според Automotive News Europe, промените кои се спроведуваат се очекува да го подобрат резултатот од работењето на компанијата за 1,8 милијарди евра.

Главниот и извршен директор на MAN Truck & Bus, Андреас Тостман вели дека „преструктуирањето е потребно поради големите предизвици како резултат на техничките промени“.

„Се соочуваме со големи предизвици како резултат на технолошките промени – кога станува збор за дигитализација, автоматизација и алтернативни погони. Ова е причината зошто треба MAN Truck & Bus да се преструктуираат, да станат поиновативни, дигитални и профитабилни на долг рок. Со тоа ќе ја зачуваме иднината на нашата компанија во светот што брзо се менува. Извршниот одбор ќе стори се што е во негова моќ да обезбеди дека MAN Truck & Bus и понатаму ќе се рангира во најдобрите светски производители на камиони и автобуси. Затоа побаравме од Социјалниот совет да ја прифати нашата идеја за дијалог.“ – истакнува Тостман.

Зелена иднина

И покрај тажната вест дека илјадници работници ќе ги изгубат своите работни места, соопштението за медуимите од страна на MAN Truck & Bus има позитивна конотација.

Компанијата тврди дека до средината на деценијата тие можеби ќе станат еден од водечките производители во областа на комерцијални возила  на електричен погон и водород.

Доколку MAN Truck & Bus ја постигне оваа цел, тие ќе обезбедат усогласеност со построгите регулативи за CO2 во рамките на ЕУ и ќе се држат до своите еколошки обврски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *