LONDON NORTH EASTERN RAILWAY (LNER) – РАБОТИ НА НОВИТЕ ПРИСТАПИ ЗА ДА СЕ ПОДОБРИ ЖЕЛЕЗНИЧКОТО ПАТУВАЊЕ НИЗ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Железничкиот оператор LONDON NORTH EASTERN RAILWAY – LNER кој се ребрендира 2018 година од Virgin Trains East Coast, подготвен е во своето работење да внесе пет нови почетоци (startups) за забрзување на новите проекти во насока да ги подобри патувањата со воз низ Велика Британија. Овие проекти се дел од програмата за иновации на Лондонската железница.
LNER ги насочува своите проекти кон пионерски идеи во повеќе области, како на пример: повеќе патувања, персонализирано искуство со клиенти и одговорен бизнис.
Главниот претставник за дигитални и иновативни решенија на LNER, Дани Гонзалес, изјавил:
„Беше фантастично да се чуе како нашите иновативни пристапи во железничката индустрија би сакале да ги применат во Северна Америка и Блискиот Исток“.
„Имаше тежок избор за да се изнајдат соодветни проекти кои ќе преминат во следна фаза на програмата за забрзување и воедно ќе бидеме сведоци како нечии идеи стануваат реалност. Тие навистина имаат потенцијал да направат вистинска разлика во животите на нашите клиенти и целокупната заедница, но и во животот на нашите колеги“ – додава во изјавата Гонзалес.
QikServe од Единбург ќе помогне да заживее идејата за персонализирано искуство на клиентот „на седиште“ – со користење на дигиталниот сервис за самопослужување.
Компанијата Skignz која е со седиште во Мидлсборо, ќе разгледа начини да креира персонализирано мапирање и искуствени информации за станиците во Лондонската железница.
Преку Интернет мобилност (iomob) во Барселона, ќе се охрабруваат поголем број на патници да патуваат со воз и притоа да ја користат технологијата која поддржува подобрена мобилност.
Во Берлин пак, проектот т.н. Green City (Зелен Град) ќе се осврне кон обезбедување на чист воздух и здрави простории за патниците, како дел од одговорниот план на LNER.
Преку напредно управување на системите , Сиренаум ќе разгледа делови од планот на LNER каде е опфатена одговорноста на бизнисот.
Петте start – up проекти ќе добијат услови за работа во рамки на оперативно опкружување на LNER, со менторство од страна на високи членови на тимот, бидејќи ќе развиваат коцепти кои морат да се докажат како успешни. Демо – ден на резултатот од овие проекти би бил во септември во центарот на Лондон.