10-TE НАЈБРЗИ ВОЗОВИ ВО СВЕТОТ
Денес патувањето низ Европа со воз е веќе побрзо отколку со авион, а Јапонија сега ја тестира „врвната“ верзија на своите популарни брзи возови, кои треба да почнат комерцијално да се употребуваат од 2020 година пред следните зимски олимписки игри. Но сепак денес има повеќе од неколку булет („куршум“) возови кои ќе го направат вашето патување многу брзо.
Ова се најбрзите возови во светот кои се пуштени во користење, рангирани по брзина:
Шангај Маглев (Shanghai Maglev): 431 км/ч
Најбрзиот воз во светот не е најновиот, најсјајниот, па дури и оној со најскапи билети. Наплаќајќи 6€ по лице во еден правец, Маглев минува скоро 30 километри од меѓународниот аеродром Пудонг во Шангај до метро станицата Лонгјанг, во периферијата на Шангај. Така е, возот на кој треба да поминат нешто повеќе од 7 минути за да го извршат патувањето со користење на технологија за магнетна левитација (маглев), не оди во центарот на градот.
Како локален воз, најголемиот дел од патниците од своето деби во 2004 година биле патниците на пат кон и од аеродромот, подготвени да снимат фотографија кога индикаторите за брзина ќе покажат 431 км/час.
Фуксинг Хао (Fuxing Hao) ЦР400АФ/БФ: 401 км/ч
Кина повторно победи, служејќи како дом на најбрзиот воз во светот кој не е Маглев. Името „Fuxing Hao“ во превод значи „подмладување“ и секој од двата воза е означен со прекари: CR400AF е „Плав делфин“, а CR400BF е „Златен феникс“. „ЦР“ е ознака на кинеските железници. И на двата воза им е потребно нешто помалку од пет часа да превезат до 556 патници меѓу станиците Пекинг Југ и Шангај Хонгчиао, преполовувајќи го скоро 10-часовното време на конвенционалната железничка линија помеѓу овие два мегаполиси. Возот „Подмладување“ исто така го победи и вториот најбрз воз во Кина, „Хармонија“ CRH380A кој сообраќа од 2010 година, со брзина до 380 км/ч на релација Шангај – Нанџинг и Хангжу, како и Вухан со Гуангжу.
Шинкансен (Shinkansen) Х5 и Е5: 361 км/ч
Јапонија ја слави 54-годишнината од патувањата со брзи возови оваа година, со оглед на тоа што во далечната 1964 година, возот со голема брзина „Хикари“ започна со возење помеѓу Токио и Осака, намалувајќи го времето на патување меѓу двата најголеми града во земјата од скоро седум часа до само четири со железница. Серијалот Х5 и Е5 Шинкансен, соодветно водејќи ги услугите меѓу Тохоку и Хокаидо, се два од новите „куршум“ возови на пругите во Јапонија, и досега најбрзите во редовниот патнички превоз во земјата.
Итало (Italo) и Фречијароса (Frecciarossa): 355 км/ч
Италијанските железнички оператори, НТВ и Трениталија, покренуваат брзи возови кој се во моментот најбрзи возови во Европа, способни да ги превезат патниците од Милано до Фиренца или Рим за помалку од три часа, а со нова рута до Перуџа дебитираа оваа година. Frecciarossa, или „црвената стрела“ беше откриена за време на „Експо 2015“, што се одржа во Милано, а возот е извонреден колку за неговата брзина, така и за неговата конструкција, неговите компоненти се скоро 100 проценти обновливи и одржливи.
РЕНФЕ АВЕ (RENFE AVE): 350 км/ч
Најбрзиот воз во Шпанија е Веларо Е произведен од компанијата Сименс, и се користи за долголинијски превоз меѓу поголемите шпански градови и пошироко – патувањето од Барселона до Париз сега може да се оствари за шест часа.
Харамаин западна железница (Haramain Western Railway): 350 км/ч
Врската со голема брзина Мека-Медина се протега на 452 километри помеѓу најсветите градови на Саудиска Арабија. Патувањето по должината на трасата трае два и пол часа, споредено со пет часа возење со автомобил. Брзината не е целосна оправданост за изградбата на оваа железница, се очекува Харамаин да носи три милиони патници годишно, вклучително и многу верници на аџилак, олеснувајќи го сообраќајниот метеж.
Германски железници ИЦЕ (Deutsche Bahn ICE): 330 км/ч
Особено футуристичкото бело и сребрено на Интер Сити Експрес или ИЦЕ, во комбинација со својата остра црвена линија, прави импресивна глетка и го забрзува германскиот пејсаж, особено на нејзината најнова релација што ги поврзува Берлин и Минхен. Слично како возот во Шпанија, Ренфе АВЕ, најбрзиот воз во Германија е уште еден дизајн на Сименс, Веларо, и е изграден за да се вклопи во Еуро Тунелот кои ги поврзува Франција и Велика Британија. Тоа е сериозна предност за долгорочните планови на Германски железници за управување со овие возови од Франкфурт до Лондон.
Кореил КТХ (Korail KTX): 330 км/ч
Брзата железничка мрежа во Јужна Кореја е далеку од најновите (KTX дебитираше во 2004 година), но го зазема својот ранг меѓу најбрзите. Најновата релација, отворена токму за време на Зимските олимписки игри во 2018 година, го поврзува Меѓународниот аеродром Инчеон на запад со крајбрежниот град Гангнеунг на исток, застанувајќи попатно во Сеул. KTX го намалува времето за превоз за да стигнете до скијачките падини на Пјонгчанг од шест часа со конвенционален воз до помалку од два часа.
Еуростар е320 и ТЖВ (Eurostar e320 and TGV): 320 км/ч
Возовите ТЖВ и Еуростар e320 се следните на списокот, притоа вториот претрпе редизајн во 2015 година. Именуван по својата најголема брзина од 320 км на час, серијата e320 е првиот до крај редизајниран воз на Еуростар во 22-годишната историја на компанијата. Брзите возови за 20 км на час побрзи од претходната серија e300 — се способни да го намалат времето на патување за дополнителни 15 минути од околу два часа меѓу Брисел, Париз и Лондон (подоцна и Амстердам, од оваа година). Бидејќи Еуростар ги остава и зема своите патници директно до центарот на секој град, а цените за превоз со Реил Јуроп се веќе достапни за 65 € во еден правец, чудно е некој се уште да лета меѓу овие градови.
Талис (Thalys): 300 км/ч
Поврзувајќи ги Амстердам, Брисел, Париз и Келн со повеќекратни дневни услуги, Талис е една од најважните европски железнички линии за патувања. Во декември 2015 германската рута беше продолжена до Дортмунд, иако релацијата Брисел-Париз останува пресудна, правејќи го повеќе од половина од работењето на Талис.