ТРАНСПОРТНИТЕ КОМПАНИИ ЗАПОЧНАА ДА СЕ ПОВИКУВААТ НА СОСТОЈБА НА „ВИША СИЛА“

DHL Global Forwarding и CEVA Logistics се повикуваат на состојба на „виша сила“, притоа ослободувајќи ги  компаниите од нивните вообичаени договорни обврски во случаеви кога не се во можност да си ги извршат обврските поради состојбата со коронавирусот.

DHL Global Forwarding е првата транспортна компанија која се повика на состојба на „виша сила“. „Многу елементи влијаат врз транспортот кој го врши оваа компанија, бидејќи таа го користи патниот, воздушниот и водниот сообраќај за дистрибуирање на товарот, а оваа ситуација со корона вирусот доведе одредени трговски линии да не можат да се предвидат или контролираат, па во таа насока компанијата прогласи „виша сила“ и го задржи правото да ги менува своите услови согласно преовладувачките околности“ – изјави потпаролот на ДХЛ, Дејвид Стоплер .

Потпаролот Стоплер додаде дека во оваа „ситуација без преседан“, DHL Global Forwarding продолжува со своите транспортни услуги и неуморно работи да ги одржи ланците во снабдувањето.

CEVA Logistics е следната транспортна компанија која го следи примерот на DHL. Во своето соопштение оваа компанија објаснува дека во оваа ситуација со корона вирусот, транспортот не може да се одвива во нормални услови и дека се нарушуваат сите аспекти на правилен бизнис бидејќи многу влади наметнуваат строги мерки за превенција при што се предизвикува потешкотија во одржување  на ланците за снабдување.

„Преземањето на мерки за спречување на ширењето на вирусот COVID 19, од страна на различни влади е надвор од контрола на CEVA Logistics. Бидејќи овие мерки не може однапред да се предвидаат спаѓаат во категоријата „виша сила“ чиишто принципи се општопознати во бизнисот и се загарантирани со закон“ –  објаснува  CEVA Logistics во своето соопштение.

Откако се прогласи состојба на „виша сила“ CEVA Logistics, вели дека го задржува правото да ги менува своте услуги, да ги менува своите процедури на работа, да ги менува претходно договорените цени и даночните надоместоци. Оваа состојба влијае врз сите видови услуги што ги овозможува CEVA Logistics: преку воздушниот, водениот, патниот, железничкиот транспорт и самите договорни услуги кои ги нуди.

Компанијата ги уверува своите клиенти дека „овој чекор го презема само поради исклучителните услови во кои тековно работи CEVA Logistics“.

Прекини во ланците на снабдување

Транспортните компании се борат да стигнаат до одредени области во светот бидејќи се воведени ограничувања од страна на владите на национално ниво, а водениот и воздушниот транспорт имаат значително намален превозен капацитет.

Многу бродски компании го имаат откажано пловењето, а истотака и многубројни пристаништа низ светот го ограничуваат движењето на екипажот. Покрај ова, некои влади на национално ниво имаат затворено  цели региони низ кои не може да се помине, се со цел да се спречи понатамошното ширење на корона вирусот, но ова само уште повеќе го отежнува транспортот.

Во своето известување до клиентите Blue Water Shipping кој сеуште нема прогласено состојба на „виша сила“, вели дека има многу големи потешкотии при транспорт на товар до дестинации како што се: Шпанија, Франција, Италија, Европа и Индија, бидејќи некои компании одбиваат да го примат товарот или едноставно не се во состојба да го примат. Компанијата се обидува да заобиколи некои блокади така што ја користи железницата за превоз на карго пратки или ги користи воздушните чартер услуги.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *