КОНТЕЈНЕРСКОТО ПРИСТАНИШТЕ ВО ШАНГАЈ ПОВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ВО ЧЕКОР СО РАКУВАЊЕТО СО СТОКАТА ПОРАДИ КОРОНА МЕРКИТЕ

Шангај е најважната точка за претовар на стоки до и од Кина. Но, во огромното пристаниште во Шангај, управувањето со контејнерите застана поради „локдаун“ во градот. Времето на чекање се зголемува секојдневно, а состојбата станува проблем за бродските компании и протокот на стоки.

Работата на пристанишните компании продолжува и покрај „заклучувањето“ донесено со одлука од кинеската влада на метрополата со нејзините 26 милиони жители . Работниците не смеат да ги напуштаат пристанишните објекти и спијат во импровизирани засолништа. Сепак, бродските компании речиси секој ден пријавуваат нови ограничувања и проблеми. Времето на чекање сега станува подолго.

Неодамна проблеми ги зафатија фриго контејнерите. Едноставно немало приклучоци за снабдување со електрична енергија на специјалните контејнери за одржување на температурата.

Како резултат на тоа, втората по големина бродска компанија во светот, Maersk од Данска, престана да транспортира замрзната риба и месо во Шангај и сега посетува други пристаништа во кинескиот регион за оваа стока. Во моментов не се прифаќаат нови резервации за Шангај. Истиот проблем се јавува и со опасните материи.

Најголемата германска компанија за транспорт на контејнери, Хапаг-Лојд , првично имаше слични тешкотии . „Немавме напојување за нашите ладилни контејнери. Но, пристанишната управа сега ни вети 3.000 места за складирање со приклучоци“, изјави портпаролот на бродската компанија во Хамбург.

Во Шангај нема недостиг од докери за утовар и истовар, изјави портпаролот. Наместо тоа, проблемите се однесуваат на внатрешната достава/насобирање и поврзаноста со останатите кинески региони, односно со производствени локации и капацитети за складирање.

За увоз, времето на чекање е зголемено на 8,3 дена

Исто така бродската групација Ocean Network Express известува за ограничувања. Нивните фриго контејнери се наредени во склад на пристаништето и не се транспортираат.

За разлика од претоварните операции во пристаништето, заклучувањето има влијание врз „ласт мајл“ камионски транспорт на контејнерите. Недостигаат камиони-шасии и возачи за дистрибуција на робата, односно нејзино превземање од фабриките во регионот.

Сето ова во моментов има негативно влијание врз ракувањето со робата во пристаништето. Според Four-Kites, обемот на стоки со кои се ракува во Шангај е намален за 23 отсто во изминатите две недели. Споредбата се однесува на времето пред најновото заклучување на 12 март и се пресметува во просек од 14 дена.

Пред пристаништето на Шангај, секој ден се закотвуваат се повеќе бродови, кои чекаат да бидат истоварени или натоварени. Доцнењата се мерливи. Four-Kites известува дека времето на чекање за растовар на контејнерските бродови е зголемено на 8,3 дена во изминатите две недели.

Според податоците, тоа одговара на зголемување од 144 отсто во однос на времето пред заклучувањето. Ова се мери и во двонеделен просек. За бродовите што чекаат натовар, овие времиња на мирување се пократки, односно зголементото чекање изнесува плус 20 проценти во спореда со претходниот период.

Една од причините за зголемените задоцнувања сепочетните, односно завршните транспортни операции од и до пристанишните капацитети. Според Four-Kites, количината на транспортирана стока неодамна е намалена за 41 отсто. Кај увезената стока падот е дури 72 отсто. Споредбата се однесува на средината на април наспроти средината на март.

Поморските компании се префрлаат на други пристаништа

Според Four-Kites, како реакција бродските контејнерски оператори се повеќе се префрлаат на други кинески пристаништа, вклучувајќи го и Хонг Конг. На пример, во Шензен и Нингбо, обемот на ракување се зголеми за 15 проценти во текот на изминатите две недели.

Сепак, има и извештаи од Нингбо за повторливи заболувања на Ковид. Доколку има заклучување таму, морскиот транспорт ќе биде засегнат од дополнителни ограничувања.

Но, засега нема знаци за далекусежни последици во планирањето на бродските компании за нивните товарни бродови. Во Hapag-Lloyd, на пример, се вели дека бродската компанија „во моментов не размислува за повлекување на бродовите од Шангај“. Околу една четвртина од 126 линии на Хапаг-Лојд се одвиваат преку пристаништето во Шангај.

Постои уште една причина зошто Шангајското пристаниште е од големо значење во глобалното поморство. Не толку често им се пристапува на другите пристаништа за полнење гориво на товарните бродови. Според информациите од кинеската национална управа за поморски пристаништа, 3.020 товарни бродови се регистрирани кај органот за полнење гориво во Шангај во март. Тоа е за 441 брод помалку од минатата година.

Во поединечни случаи, бродските компании веќе бараат алтернативи за оваа задача. Во моментов, Сингапур е алтернатива бидејки нема транспортни ограничувања.

Не само контејнерските бродски компании се справуваат со тешката ситуација. Шангај е, исто така, важно пристаниште за превоз на рефусна роба, како железната руда од Јужна Америка до Кина, или нафтените танкери кои носат деривати од Блискиот Исток до купувачите во Азија. Пристанишните капацитети во Шангај се состојат од десет различни пристанишни делови. Тие го вклучуваат длабокото водно пристаниште Јангшан, локациите во специјалната економска зона Пудонг и на реките Јангце, Кјантанг и Хуангпу.

One thought on “КОНТЕЈНЕРСКОТО ПРИСТАНИШТЕ ВО ШАНГАЈ ПОВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ВО ЧЕКОР СО РАКУВАЊЕТО СО СТОКАТА ПОРАДИ КОРОНА МЕРКИТЕ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *