КИНА: НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА НАНТОНГ-ШАНГАЈ ЗАПОЧНАА ПРОБНИ ВОЗЕЊА

На 30. Мај во 10:00 часот, пробниот воз Ц3816 појде од железничката станица Шангај, движејќи се на железничката пруга Пекинг-Шангај и пругата Нантонг-Шангај, ја премина реката Јангце и се упати кон Нантонг, означувајќи го завршувањето на интегрираното пуштање во работа и тестирањето на делницата Жаодијан – Хуангду на железничката пруга Нантонг-Шангај и започнување на тест периодот. Со овие возења целта е се поблиску, а тоа е старт на редовниот сообраќај до крајот на јуни.

Изградбата на делницата Жаодијан-Хуангду на железничката пруга Нантонг-Шангај започна во март 2014 година.

По завршувањето на подземните мостови, тунелите, колосеците и „ќитење“ на главната линија со електрификација, комуникациски и сигнално-сигурносни уреди, на 20. април започна интегрираното пуштање во работа.

Испитувањето на делница се изврши со инспекциски воз, пробен товарен воз, како и електро моторен воз со две управувачници со што се испита делницата на сите брзини и оптеретувања на 160 км/ч, како и статички тест на оптоварување на мостот на реката Јангце на железничката пруга Нантонг-Шангај.

Заклучно со 30. мај, повеќе од 700 пробни возови беа пуштени во употреба на делницата Жаодијан-Хуангду на железничката пруга Нантонг-Шангај, при што извозени се вкупно 18.393 километри. Делницата се очекува да биде готова за отворање до крајот на јуни.

Железничката пруга Нантонг-Шангај е важен дел од крајбрежниот коридор, главен коридор на брзата железничка мрежа составена од „осум линии север-југ и осум линии исток-запад“ наведени во кинескиот среднорочен и долгорочен железнички мрежен план. Главната линија е во должина од 137,5 км и градежна брзина брзина од 200 км/ч.

Откако ќе започне сообраќајот на делницата Жаодијан-Хуангду на пругата Нантонг-Шангај, дополнително ќе се подобри капацитетот на железничкиот коридор што ја поминува реката, ќе го подобри распоредот на железничката мрежа и регионалниот интегриран транспортен систем во областа на делтата на реката Јангце, при што ќе ги поврзе Јангјаџанг, Чангшу и Таичанг, три града под администрација на Суджоу до железничката мрежа кај областа на делтата на реката Јангце. Денес за ова патување потребно е да направите трансфер во Нанџинг.

Се очекува времето за патување со воз меѓу двата града да се намали од 4 часа на 1.5 час, што во голема мера ќе го олесни патувањето на луѓето.

Ова е од големо значење за засилување на водечката улога на Шангај како централен град и зајакнување на квалитетниот интегриран развој во областа на делтата на реката Јангце.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *