КАЛИФОРНИЈА ОДОБРИ ОБВРЗНИЦИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 600 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ПРОЕКТ НА БРЗИ ПРУГИ

Американската држава Калифорнија одобри обврзници во износ на 600 милиони долари кои се ослободени од данок наменети за „Xpress West“ –брзи пруги во западна Америка. Државниот комитет за финансии го одобри овој потег и ќе им овозможи на Virgin Train USA да продаваат обврзници поврзани со проектот.

Според локалните публикации Virgin Train USA може да испорача четири пати повеќе од износот на распределбата и да достигне до 2,4 милијарди долари. Компанијата треба да ја заврши продажбата на обрзници до 1 октомври. Преставниците му се обратија на Блумберг и рекоа дека ќе го отпочнат процесот откако ќе бидат обезбедени сите одобренија кои им се потребни.

„Xpress West“ е предлог за приватно вложување што вклучува проект за изградба на брзи пруги и поврзување на Јужна Калифорнија и Лас Вегас, Невада. Пругата ќе има должина од 145 километри започнувајќи северо–источно од Лос Ангелес и ќе заврши во Лас Вегас.

Претходно позната како Brightline, Virgin Train USA доби право на  „Xpress West“ – проект за брзи пруги во 2018 година, и би требало оваа компанија да ги прошири своите услуги на западниот брег.

Овој потег доаѓа во време кога САД сака да го ограничи ширењето на COVID 19, што може дополнително да го одложи железничкиот проект. Од друга страна пак, Невада сеуште го нема одобрено овој проект.

Претходно гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, посочи дека државните агенции нема да добијат ново финансирање во буџетот догодина.

„Xpress West“ е втор проект на Virgin Train USA за брз железнички превоз. Во моментов работи на брза пруга во Флорида, меѓу Мајами, Форт Лаудердејл и  Вест Палм Бич. Сепак, услугите се сега суспендирани заради кризата со пандемијата (САД веќе има над 600 000 заразени во овој период од корона вирусот).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *