АДП ПОНУДИ НАЈВИСОКА ЦЕНА ЗА КОНЦЕСИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СОФИСКИОТ АЕРОДРОМ

Министерството за транспорт на Бугарија во четвртокот изјави дека конзорциумот што го сочинуваат францускиот „Aeroports de Paris“ (АДП) и нејзината единица TAV Havalimanlari Holding, предложија највисокиот надоместок за концесија тендерот за доделување на 35-годишен договор за управување со аеродромот во Софија.

Конзорциумот предводен од  АДП понуди за годишна концесија 32,8 милиони евра ($ 36,7 милиони) и планира да инвестира 903 милиони евра во текот на траењето на концесијата, се вели во соопштението на Министерството за транспорт.

Вториот највисок надоместок за концесија беше предложен од конзорциум, исто така, предводен од француската компанија – Meridiam Eastern Europe Investments. Конзорциумот понуди да плати годишен надомест од 24,5 милиони евра, но исто така понуди и најниски планирани инвестиции од 608 милиони евра.

Конзорциумот предводен од Манчестер Аеродром Груп, вклучувајќи го и БЦЕИГ, ги објави највисоките планирани инвестиции во Софискиот аеродром – 1 милијарда евра. Сепак, конзорциумот, исто така, предложи најниска цена за концесија – 19,9 милиони евра годишно.

Фрапорт Бугарија понуди годишна концесија од 21 милион евра и вкупни инвестиции од 615 милиони евра.

Последната понуда, поднесена од конзорциум предводен од швајцарскиот SSB Sauerwein & Schaefer Bau, предвидува годишен надоместок за концесија од 26,1 милиони евра. Конзорциумот не понуди информации во врска со планираните инвестиции.

Сите пет понуди се легитимни и ќе бидат уредно прегледани, се вели во соопштението.

Финансиските параметри на понудите ќе ги сочинуваат 55% од завршните оценки на кандидатите, додека техничките критериуми ќе ги сочинуваат преостанатите 45%.

Софискиот аеродром за 2018 година објави нето профит од 12,6 милиони лева, што е зголемување од 11,4 милиони лева во споредба со 2017 година. Приходите на аеродромскиот оператор минатата година се зголемија на 169,2 милиони лева од 148,0 милиони лева во 2017 година.

Извор: seenews.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *