ШЕСТ ТРАНСПОРТНИ ТРЕНДОВИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛЕДАТ ВО 2021 ГОДИНА

Во 2020 година се забележани значителни промени во транспортот, некои се поголеми, други помали. Во продолжение ќе претставиме голем број клучни трендови што веројатно ќе ја дефинираат 2021 година.

Зголемување на продажбата на електрични возила

Продажбата на електрични возила се зголеми во 2020 година и покрај тоа што застапништвата од лани пролетта беа затворени за голем дел. Зголемувањето од 119% (570,000 единици) во продажбата на ЕВ беше во значителен дисбаланс со падот од 29% на вкупната продажба на возила за првите три квартали од лани.

Ова во најголем дел е водено од потребата да се усогласат целите на СО2 за автомобили во 2020 година, што се очекува да го доведе пазарот на ЕВ во 2020 година на околу 10%. Но, потребна е претпазливост: plug-in хибридите, за кои Т&Е покажаа дека можат да имаат емисии три до осум пати поголеми од резултатите од лабораториските тестови, забележаа тројно зголемување на продажбата.

Интернет-шопингот ги стави на пат  24/7 комбињата

Со затворени продавници, светот беше принуден да оди на интернет шопинг. За време на првиот локдаун електронската трговија беше зголемена за околу 30% во април во споредба со 2019 година, а фирмите за индивидуална испорака забележаа раст од 15% до огромни 50%. Што значи ова за климата, сепак е помалку јасно. Со значително повеќе испораки дома, потребна е промена на доставните возила со нулта емисија за да се осигури дека ова нема да доведе до позагадени градови.

Цените на нафтата потонаа, не се очекува дека повторно ќе пораснат

Цените на нафтата паднаа како резултат на падот на побарувачката и покрај зголемувањето на побарувачката, цените останаа ниски. Цените на бензините и дизелот – пред оданочување – паднаа за една третина во ЕУ, сепак, возачите забележаа многу помало намалување благодарение на високото оданочување на горивата.

Глобалната цена на горивото Џет А1 (гориво во авијацијата) значително се намали од околу 440 евра за илјада литри на почетокот на јануари на 98 евра за илјада литри во средината на април. Со промени во потрошувачката на енергија – на пример, поради електрични автомобили и работа од дома – може да се случи 2019 година да биде година на најголемо намалување на нафтените деривати.

Повеќето летови остануваат приземјени

Не е ни чудо што цените на авио горивата беа погодени. Со откажани летувања и службени патувања низ светот, летовите опаднаа. Но, не сите падови се направени поеднакво. Комерцијалните летови претрпеа најмногу иако сообраќајот за летните одмори веројатно ќе се врати до одреден степен, но многу службени патувања може да бидат откажани во светот започнувајќи со работ на платформите на ZOOM и Microsoft Teams. Каргото беше најмалку погодено, а приватните авиони брзо се вратија и го достигнаа пикот од 2019 година.

Стравот е реален: јавниот превоз се избегнува како чума

Стравувањето од инфекција во воздухот го намали бројот на патници во автобусите, трамваите и возовите низ цела Европа (на инфографикот е пример за Велика Британија), со истражување, според кое Шпанците се чувствуваат најнесигурни во јавниот превоз отколку на кое било друго место – дури и понесигурни од кафеаните.

Јавниот транспорт се опоравува многу побавно од приватните моторни возила, но поред нив најголем благодет се почуствува преку активностите како пешачењето и возењето велосипед. Градовите ќе треба да ги отстранат стравувањата од безбедноста, доколку сакаат да се справат со загадувањето на воздухот (главен проблем во јавното здравство) и климатските промени.

Походот по обновливи извори на енергија

И додека многу економски активности беа запрени во 2020 година, обновливите извори на енергија продолжија со искачувањето, земајќи поголем дел од енергетскиот удел.

Во Германија, производството на обновлива енергија се зголеми за 12,3 TWh или 5,1% во споредба со 2019 година, додека во исто време производството на струја на јаглен се намали за 37,3 TWh. Ова намалување на јагленот беше можно благодарение на импресивниот раст на обновливите извори, како и намалувањето на вкупната побарувачка на електрична енергија. Белгија и Холандија беа најголемите успешни приказни во Европа со 31% и 39% зголемување на производството на енергија од обновливи извори, соодветно на Италија.

Поголем удел во обновливи извори е добра вест, но важно е да се разгледа специфичниот вид на обновлива енергија што се користи. Сончевата и енергијата на ветерот се одржливи, согорувачката биомаса не е.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *