ХХЛА ГО ПРЕТСТАВИ ТОВАРНИОТ ХИПЕРЛУП – КОНТЕЈНЕРИТЕ ВО КАПСУЛИ

Хамбургер Хафен и Логистик АГ (ХХЛА) и HyperloopTT се подготвени да го претстават проектот HyperPort: модел за транспорт на контејнери со употреба на технологијата hyperloop. Двете компании го развиваат овој концепт за да ја подобрат поврзаноста на пристаништата со копното и да ги зголемат капацитетот и ефикасноста на терминалите.

Основната дејност на групацијата Хамбургер Хафен и Логистик АГ е ракување со контејнери во пристаништата и нивниот транспорт до германскиот и европскиот континентален дел, а компанијата нуди широк спектар на пристанишни, консултантски и логистички услуги. Истражувачката фирма HyperloopTT, со седиште во Соединетите држави, соработува со ХХЛА од крајот на 2018 година, кога тие осмислија студија за дизајн за HyperPort.

Партнерите сега, како што е најавено, се подготвени да го демонстрираат својот напредок користејќи виртуелна реалност. HyperPort ќе биде претставен на најголемиот светски саем за мобилност – ITS Конгресот во Хамбург, кој ќе се одржи од 11-15. октомври оваа година.

Контејнери во капсули

Целта на проектот HyperPort е да овозможи брз транспорт на контејнери помеѓу пристаништата и дестинациите на копно, со помош на транспортни капсули.

Според проектот, капсулата за транспорт може да собере два контејнери од 20 стапки или еден контејнер од 40 или 45 стапки, по испорака. Контејнерите се дизајнирани да се вметнуваат вертикално во капсулите (кои би имале отвор на врвот), а потоа да патуваат со брзина од околу 100 км/ч „во затворена работна средина, без влијание на сообраќајот или други фактори на животната средина“ се вели во соопштението на ХХЛА. Со овој систем ќе може да пренесува до 2.800 контејнери дневно.

Транспортните капсули ги дизајнираше наградуваната шпанска компанија за индустриски дизајн Мормеди во соработка со CT Ingenieros и веќе се подготвени за изработка. Според соопштението на ХХЛА, повеќе од 20.000 часа работа се инвестирани во развојот на овој концепт (дизајн, аналитички модели, пресметки, 3Д визуелизации, оптимизации).

Користејќи ја истата основна технологија како и за нашите патнички системи, HyperPort може да обезбеди заштита на снабдувачките ланци, истовремено ослободувајќи ги пристанишните региони – рече Андрес Де Леон, извршен директор на HyperloopTT.

За да се подготвите за иднината, треба да воведувате иновации, вели Герлинде Џон, менаџер на проектот HyperPort во ХХЛА.

Технологијата Hyperloop значи ново ниво на товарен транспорт. Со концептот HyperPort, ние развиваме алтернативно решение за постојните транспортни системи, подготвувајќи се за иднината на брзорастечкиот глобален пазар – изјави Герлинде.

Фото:HHLA/Mormedi

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *