ФРАНЦИЈА ПОДГОТВУВА ПЛАН ЗА ИТНИ СЛУЧАИ ЗА ТОВАРНИ ВОЗИЛА ЗАГЛАВЕНИ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Секретарот за транспорт на Франција изјави дека има планови да се воспостави здравствен протокол за да може сообраќајот со Велика Британија редовно да тече, пренесува Sky News.

Британскиот ланец супермаркети Сејнсбери утрово ја предупреди јавноста и Владата на Велика Британија за можни нарушувања во снабдувањето со храна поради одлуката на Франција да ги затвори своите граници за патници и товар.

РХА предупреди и на нарушување на снабдувањето со свежа храна.

По паниката и хаосот во Кент, францускиот секретар за транспорт Жан-Батист Џебари најави дека ќе има план ширум Европа „во следните часови“ за продолжување на превозот кон и од Велика Британија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *