СОВЕТИ ЗА ПАТУВАЊА ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА ОД КОВИД 19 – МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, ЗАШТИТЕТЕ СЕ СЕБЕСИ И ТИЕ ОКОЛУ ВАС
Дали размислувате да го презакажете вашето патување или да го одложите заради пандемијата од КОВИД 19? Можеби имате работни или семејни обврски поради кои морате да патувате, а сепак ги одложувате поради ситуацијата и се плашите дали би патувале безбедно?
Во продолжение ќе ви презентираме опции како да патувате и начини како да се заштитите во текот на патувањето.
Како да останете безбедни додека патувате
Патувањето низ светот се зголемува како што се намалуваат рестрикциите настанати поради корона вирусот. Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) ги препорачуваат следниве чекори за тоа како да се заштитите себеси и тие околу вас додека патувате:
- Одржување на социјална дистанца од останатите (околу 2 метри);
- Избегнувајте гужви;
- Носете маска, марама или шал во пределот на усната и носната шуплина;
- Избегнувајте да ги допирате очите, носот и устата;
- Покријте ја устата додека кашлате или кивате и
- Дезинфицирајте ги рацете постојано, со миење или средство за дезинфекција. Особено после користење на тоалет, пред и после јадење, по кивање, кашлање или дување на носот.
= миење на рацете со сапун и вода темелно со времетраење најмалку од 20 секунди,
= користење на дезифициенс кој содржи барем 60% алкохол за рацете во момент кога не вие достапен тоалет за да ги измиете рацете.
Проверете ги сите ограничувања поради состојбата со КОВИД 19
Патувањето во различни држави може да биде со различен степен на ограничувања поради состојбата со КОВИД 19. Пред почетокот со патувањето заштитете се од непријатни изненадувања или доцнења со навремено информирање за мерките на ограничување кои постојат во одредена земја.
Интернет страниците на државно или локално ниво за здравствена заштита нудат соодветни информации за состојбата околу КОВИД 19 во дадената земја. Имајте на ум дека мерките и ограничувањата може многу брзо да се променат во дадената земја зависно од локалните услови. Ажурирајте ги своите информации пред почетокот на патувањето но и во текот на вашето патување.
Истотака побарајте информации за местата кои сакате да ги посетите (дали воопшто работат со посетители или ако работат, најдете информации за нивното работно време), најдете информации за ресторани, се со цел да си го олесните престојот во дадената држава.
Воздушен сообраќај
Поради начинот на циркулирање и филтрирање на воздухот во авионите, вирусот не би требал да се шири низ воздухот. Сепак преполните авиони може да ја ограничат препорачаната социјална дистанца. Секако дека патувањето со авион може да ви одземе многу време поради безбедносните проверки на терминалите во аеродромите и воедно да ве доведе во близок контакт со други луѓе.
Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) и Федералната управа за авијација (FAA) издадоа упатства за авиокомпаниите за да им помогнат во спречување на ширењето на вирусот КОВИД 19.
Како резултат на препораките, авиокомпаниите им наложија на своите вработени во текот на работните часови да носат маски и да го покријат пределот на носната и усната шуплина. Воедно се предложени и препораки за заштита на патниците, за подетални информации треба да се истражат дотичните авиокомпании со кои патникот планира да патува.
Управата за безбедност на транспортот (TSA) го зголеми обемот на опрема за чистење и дезинфицирање на површините на контролните пунктови. Ако не сте летате за време на пандемијата, ќе забележите некои значителни промени:
- Вработените носат маски и одржуваат социјална дистанца;
- Вработените редовно ги менуваат своите ракавици;
- Вработените користат пластични штитови на пунктовите за проверка на документи, на местата на проверка на багажот или на местата каде се остава багажот и
- Помалку патници на летовите заради одржување на социјална дистанца.
Управата за безбедност на транспортот (TSA) има направено многу промени во процесот на скрининг:
- За време на скринингот патниците може да носат маски, но вработените може да побараат од нив да ги тргнат маските на кратко за да може да ги идентификуваат;
- Наместо да се даваат директно документи од патници кон вработени, патниците треба да достават на увид документите на достапниот скенер (во хартиена или електронска форма);
- Секој патник може во рачниот багаж да носи шише со распрскувач до 350 милилитри кое во себе содржи дезинфициенс. Мора да се напомене дека овие шишиња ќе бидат прегледани од страна на вработените;
- Прехрамбените производи треба да се транспортираат во пластични кеси и да се достават на увид кај вработените. Ваквото одвојување на храната ја намалува можноста дека ќе треба да се отвораат кесите за дополнителен преглед;
- Личните предмети како што се: клучеви, паричници и телефоните треба да бидат поставени во торбички за носење, а не во контејнери. Ова го намалува ризикот за управување со предметите за време на скринингот;
Од големо значење е после скринингот веднаш да отидете до најблискиот тоалет и да ги миете рацете најмалку 20 секунди.
Копнен сообраќај
Патување со автомобил
Ако воздушниот сообраќај не е за вас, тогаш можеби ќе се одлучите да патувате со автомобил. Ако сакате да возите, тогаш ова би било правилна одлука за вашето патување бидејќи на овој начин имате поголема контрола на вашата околина. Но мора паметно да го испланирате вашето патување и на кои места би застанале да одмарате.
Еве неколку работи на кои треба да размислувате пред да тргнете на патување:
- Планирајте шо помалку застанувања, но никако немојте да возите поспани;
- Имајте спакувано маски за лица и средства за дезинфицирање и да ви бидат истите лесно достапни;
- Подгответе си храна за по пат, изберете помалку расипливи намирни, се со цел се помалку да застанувате во попатните ресторани;
- Спакувајте материјали за чистење, средства за дезинфицирање и ракавици за еднократна употреба ако планирате да престојувате во хотели или некој друг вид на сместување;
- Кога треба да полните гориво, секогаш користете марамчиња за дезинфицирање пред да ја фатите пумпата или некои копчиња. По полнењето на гориво веднаш одете до тоалет и темелно измијте ги вашите раце;
- Ако веќе треба да купите јадење по пат, земете за носење со вас, избегнувајте да седнувате во попатните ресторани.
Патување со друг вид на копнен превоз
Ако патувате со автобус или воз имајте на ум дека ако не одржувате социјална дистанца постои поголема веројатно дека ќе се заразите од корона вирусот. Следете ги препораките за да се заштитите себеси и другите за време на патувањето.
Дури откако сте користеле авион за да стигнете на својата дестинација, можеби пак ќе ви треба превоз по копнен пат. Затоа разгледајте ја опцијата за изнајмување на автомобил и претходно на интернет пребарајте компанија кој изнајмува автомобили и има високо почитување на препораките за заштита од корона вирусот и сериозно се грижи за дезинфекција на своите автомобили.
Ако планирате да ве пречека шофер со автомобил, никако не седнувајте блиску до него и обавезно носете маска. Истотака размислете околу ракувањето на своите торби, сами да ги сместите во автомобил и сами да ги извадите на заминување.
Избегнувајте контакт со површини кои претходно постои голема веројатност дека некој друг гои допирал, ако веќе морате да ги допирате најпрвин дезинфицирајте ги.
Ако користите јавен превоз, одржувајте социјална дистанца, носете маска, дезинфицирајте раце и откако ќе стигнете на дестинација веднаш измијте ги темелно.
Хотели и друг вид на сместување
Хотелската индустрија признава дека патниците се загрижени за корона вирусот и безбедноста. За секој хотел или друг вид на сместување, побарајте информации за начинот на заштита кој го нудат за гостите и воспоставените протоколи за заштита на вработените. Неко од најдобрите практики вклучуваат:
- Засилено чистење на јавни површини, лифтови, собите за гости, местата за подготовка на храна и местата за чистење;
- Мерки за социјална дистанца во лобито, на рецепција, на паркинг местата;
- Носење на маски за лице од страна на персоналот но и од страна на гостите;
- Фокусирана обука на вработените за:
= постапки за миење на раце
= протоколи за чистење и дезинфекција
= употреба на опрема за лична заштита
- Постоење на протокол во случај гостинот да се разболи, што вклучува привремено затворање на собата во која престојувал гостинот, темелно чистење и дезинфекција.
За дополнително да бидете сигурни, кога резервирате хотелска соба побарајте истата да е празна барем 24 часа во континуитет.
Откако ќе пристигнете во својата изнајмена соба, исчистете и дезинфицирајте ги сите површини со кои доаѓате во контакт (каваки, прекинувачи за струја, маси, бироа, шанкови, далечински управувачи, тоалетот), пред да конзумирате храна и пијалоци, измијте ги чашите, чиниите и приборот за јадење, освен аконе користите пластичен прибор за јадење.
Направете список за потребни работи во текот на патувањето
Во овој период кога владее пандемија би ви биле потребни следниве работи:
- Маски за лице;
- Дезинфициенс со база на алкохол;
- Марамици за дезинфекција, кои се базираат врз основа на алкохол;
- Термометар.
Лица со поголем ризик да заболат од КОВИД 19, а треба да патуваат
Ризикот за развој на сериозни симптоми од КОВИД 19 е поголем ако имате над 65 години или имате повеќе здравствени проблеми, како проблеми со срце, бели дробови, ослабен имунитет, дијабетес или гојазност.
Ако сте изложени на поголем ризик да заболите од КОВИД 19, CDC советува да не патувате, да избегнувате гужви, да не одите на крстарења или непотребни патување со авион. Ако веќе мора да патувате во секој случај мора да се консултирате со вашиот лекар и да ги почитувате насоките и препораките ко иќе ви бидат предложени.