СНАБДУВАЧКИ ЛАНЕЦ: КАКО НЕДОСТАТОКОТ НА ПЕРСОНАЛ ВО ТРАНСПОРТОТ И ДИСТРИБУЦИЈАТА ВЛИЈАЕ НА СТАРБАКС

Недостаток на кадар во областа на транспортот е закана за ланците на снабдување во различни индустрии. Старбакс, еден од најпознатите ланци на кафетерии во светот, неодамна објави дека ќе им помогне на нејзините партнери за дистрибуција кои се соочуваат со недостиг на работна сила, пренесува порталот supplychaindive.com.

Извршниот директор на Старбакс, Кевин Џонсон, изјави дека иако ова не е раширен проблем, некои партнери „се борат“ за испораки од дистрибутивните центри до продавниците.

„Претпоставувам дека ќе направиме малку повеќе за да инвестираме и да им помогнеме на нашите партнери во синџирот на снабдување, без разлика дали тој персонал е потребен за производство или за дистрибуција и транспорт“, рече Џонсон.

Проблемот со дистрибуцијата се појави откако Старбакс минатата година објави планови за подобрување на опсегот, намалување на задржувањето на клиентите во објекти со реорганизирање на распоредот на кафетериите и додавање на Старбакс Пикап и опции за управување со промената на однесувањето на потрошувачите.

Глобалниот ланец на кафетерии има за задача да создаде што е можно поедноставен процес на нарачување и враќање, со што помалку напор за потрошувачите. Од друга страна, ако дистрибуцијата е проблематична, тоа нема да биде можно.

Недостатокот на возачи е голем проблем за синџирите за снабдување во текот на целата претходна година.

Покрај воведувањето нови формати на кафетерии и користењето дигитални решенија за намалување на времето на задржување на клиентите, како дел од деловната трансформација во САД, Старбакс исто така инвестираше во воспоставување систем за управување со ризик за да обезбеди поголема видливост на нарушувањата во ланецот на снабдување, користејќи известувања во реално време и со собирање информации од логистичките партнери, добавувачи и од сопствени капацитети.

„Нарушувањето во синџирот на снабдување е неизбежен, затоа мора да најдете начин да го прифатите“, изјавија од Старбакс.

Извор: supplychaindive.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *