РИМ – ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ

Историјата на Рим е веројатно најбогата и најбурна од сите нешта. Сите ја знаеме приказната за Ромул и Рем и како e создаден овој град на 7 ридови. Но, дали знаевте дека има повеќе од 900 цркви во Рим? Дека првото главно седиште на папата е црквата Свети Јован Латеран (San Giovanni in Laterano), а не црквата Свети Петар?

На изненадувањата нема крај. Да напоменеме и дека Пантеон бил најголемиот црковен храм сè до средината на 15. век се додека не се изградила катедралата во Фиренца и дека секој ден во Фонтана ди Треви се фрлаат метални монети во вредност од повеќе од 3.000. Ова се некои од атракциите што го прават овој вечен град привлечен за милиони туристи од целиот свет.

ВАТИКАН

Кога планирате посета на Ватикан,  внесете си „цел ден“ во планерот. Иако е најмала земја по површината, во неа е сместена најголемата црква во светот според бројот на верници кои живеат таму, и еден од најголемите музеи во светот, каде што често е можно да се чека со часови, но кога после целосната турнеја низ илјадници уметнички дела влегувате во Систинската капела, која е дел од музеот на Ватикан, ќе видите дека посетата вредела.

Ако можете, најдете место на Св. Петар, од каде ќе ги видите околните четири речни аркади низ еден ред или ќе се искачите на куполата на базиликата Св. Петар. Погледот одозгора е уникатен.

РИМ

Во Рим поред историските знаменитости, во голем број ќе сретнете фонтани. Тие се насекаде и има скоро 280. Многу, нели? Најпознати се Фонтана ди Треви, Фонтана ди Нетуно и Фонтана деи Фиуми, односно фонтаната која ги претставува четирите реки: Нил, Гангс, Дунав и Ла Плату.

Пјаца Навона, каде што се наоѓаат последните две споменати фонтани, е еден од најубавите римски плоштади, полн со ресторани, тратории и кафулиња, што му дава посебна атмосфера, особено во текот на ноќта, кога целиот плоштад поврзан со Кампо деи Фjори (Цветен плоштад) станува забава на отворено.

Плоштад Навона

Цркви

Од веќе споменатиот број на цркви во градот, најпознати се Санта Марија Маџоре (прва црква каде по наредба на папата Адријан II, сесловенските богослужбени книги се поставени во олтарот на црквата и богослужбата да се вршат на словенски јазик), Сан Паоло фуори ле Мура, Санта Марија во Трастевере, Санта Кроче во Ерусалим и Сан Лоренцо фуори ле Мура, од кои некои имаат посебно значење за христијанскиот свет.

Но за нас секако претставува посебна базиликата Св. Климент, посветена на папата Климент I, каде се наоѓа гробот на св. Кирил.

За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание egrigae virtulis папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година Св. Кирил и Методиј ги прогласил за ко-покровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт.

Што да посетите во Рим

Рим би можел да го носи прекарот „град на споменици“, бидејќи атракциите ве чекаат на секој чекор од градот. Сепак, постојат неколку знаменитости што не треба да ги пропуштите кога престојувате во Вечниот град.

По мое мислење најдобри водичи низ градот може да ви бидат книгата Демони и Ангели од писателот Ден Браун или филмот на Вуди Ален „На Рим со љубов“ (To Rome with Love).

Ридот и парк Пинсио

Пинсио е вистинска зелена оаза, скоро во срцето на градот. Покрај мирот и чистиот воздух, посетителите сакаат да го посетат заради одличните погледи на римскиот антички град.

Колосеумот

Во град полн со знаменитости, Колосеумот го доби статусот на најпрепознатливиот симбол  заштитен објект на градот.

Форум Романум

Форумот бил центар на Римската цивилизација, срцето на она што некогаш била најмоќната империја во светот.

Пјаца ди Спања – Piazza di Spagna

Пјаца ди Спања е едно од најпопуларните римски места за собирање и еден од најубавите римски плоштади. Долгите столбови, обелиск, црквата на ридот и интересната фонтана се очигледно добитна комбинација!

Мостот Сант Анџело

Реката Тибар е премостена од многу мостови, но еден од најубавите е секако мостот Сант Анџело.

Ноќниот живот во Рим

Рим можеби не се смета за мека за забави како Лондон или Мадрид, но ноќниот живот е доста солиден.

Повеќето од клубовите се концентрирани во соседството Тестачо и Остиенсе, кои во последните години доживеа брзо будење. Таму можете да најдете ланџ барови, места за јадење, пиење и танцување! Од клубовите би го издвоиле АКАБ (www.akabcave.com, подземна пирамида) во Тестачо.

Нешто што му дава белег нс Рим е забавата на отворено, благодарение на пријатната клима во текот на целата година.

За заљубените, Рим нуди незаборавно искуство во текот на ноќта. Сето тоа започнува со прекрасно зајдисонце, продолжува со романтична прошетка поред Колосеум, Шпански скали или друга атракција, а вечера на еден од многуте плоштади со фонтани или на живописните римски улици е исто така посебно искуство! На крајот на краиштата, Италија е земја на романтиката, а Рим е еден од најубавите градови во светот, а ноќта е создадена за љубовта, само треба да се препуштите на Вечниот град!

Како до Рим

Обично до Рим се стигнува со авион/автобус. Од Скопје два пати во неделата (четврток и недела) имате директни летови за аеродромот Рим Чампино.

Од аеродромот имате редовни автобуски линии до Рим Термини кои за еден возрасен ќовек во еден правец изнесуваат 6 €.

Термини е една од најголемите железнички станици во Европа. Велат дека сите патишта водат кон Рим, но во Рим сите патишта водат кон Термини, главниот сообраќаен центар на градот. Очигледно, во последните години неговата улога се намали малку заради отворањето на Тибуртина, брза железничка станица. Околу Термини ќе најдете цела низа продавници, сувенирарници, како и сместувачки места како хостели, хотелски буџет и ноќевање со појадок.

Јавен превоз

Јавниот превоз во Рим е многу добро организиран и во системот се интегрирани автобусот, метрото, трамвајот и регионалниот железнички транспорт.

Автобусот е најдоброто превозно средство за истражување на Рим. Можеби звучи чудно, но нивната транспортна мрежа е толку добро организирана што метрото (сè уште се надоградува) најдобро се користи само за време на шпицовите во сообраќајот или ако одите во Ватикан, а се наоѓате на другата страна на градот.

Системот за јавен превоз во Рим е целосно интегриран и истите карти се применуваат за кој било од опишаните три услуги за јавен превоз. Покрај тоа, билетите можат да се користат и за автобусите на Котрал (www.cotralspa.it) и регионалните возови на линии кои возат во границите на градот. Примери за вакви линии се Рим – Лидо ди Остија и Рим – Витербо.

Редовната карта чини 1,5 € за сите видови на превоз во време траење од 100 минути на возењето. Дневната карта чини 7€, тридневната 18 €, додека неделната 24€. Сите овие карти можете да ги набавите по прадавни, трафики и продажни места на превозниците.

Рома Пас – Roma Pass

Рома Пас е картичка што може да ви направи голема заштеда додека престојувате во Рим. Овозможува бесплатен или поевтин пристап до повеќето градски знаменитости и бесплатен јавен превоз.

Рома Пас е 72 или 48-часовна картичка која ви овозможува бесплатно влегување во една или две градски знаменитости и бесплатно користење на јавниот превоз. Плус, можете да ги искористите попустите на сите други атракции вклучени во програмата roma city pass

Рома пас ги носи следниве придобивки:

  • Бесплатен влез на првите две (или само еден влез во случај на 48-часовна карта) знаменитост што ги посетувате
  • Попусти на билети за други знаменитости вклучени во програмата
  • Попусти на билети за бројни настани
  • „Прескокнете“ ја редицата на влезот за првите две знаменитости што ги посетувате
  • Бесплатен јавен превоз за три дена или 48 часа (не важи за линии што го поврзуваат Рим со градските аеродроми)
  • Водич за атракциите вклучени во програмата

Рим е град полн со атрактивни локации кои треба да се посетат и картите Рома пас речиси сигурно се исплатат.

Корисни информации за Рим

Продавници

Во Рим, повеќето (дури и за храна) продавници двократно работат, од 9:00 до 13:00 часот и од 16:00 часот до 20:00 часот и се затворени во понеделник. Ова особено важи за продавниците низ центарот на градот и предградието, додека продавниците и стоковните куќи во туристичките области се отворени секој ден и не затвораат за време на ручек.

Во трговските центри има различно работно време и повеќето работат од 9 до 21 часот. Супермаркетите исто така работат еднократно (08:30 – 20:00 часот), а некои подолго: Продавниците на Лидл се отворени до 21 часот, а оние на Carrefour експрес се отворени нон-стоп.

Ресторани

Римјаните имаат строго одредено време за ручек (13:00 часот) и вечера (20:00 часот), а рестораните се придржуваат до ова време. Ретко се служи пред 12:00 часот или по 15:00 часот, затоа не бидете изненадени ако се обидете да влезете во ресторан во 16:00 часот и да добиете информација дека е затворен до вечера. Само рестораните кај туристичките атракции се отворени нон-стоп, но ние не ги препорачуваме бидејќи храната е со послаб квалитет и цените се астрономски.

Различни цени за конзумација на шанк и маса

Немојте да се изненадите ако порачате кафе на шанк во римските кафулиња и барови и го платите 1 €, а истото кафе ако го нарачавте на маса да го платите 2 и повеќе евра: услугата на келнерот посебно се наплаќа. Доколку сакате да се опуштите со кафето во еден од римските барови, обрнете внимание на цените во ценовникот servizio al tavolo, кои се однесуваат на цените за конзумација на маса, додека ценовникот за servizio al bancone  се однесува на цените за конзумација на шанк.

Интернет

Во преку мобилниот оператор ТИМ може да купите СИМ припејд карта во износ од 20 €, а со нејзе добивате 15 Гб интернет, бесплатен чат на ФБ Месинџер и WhatsApp и 200 минути разговор. Не заборавајте дека на истата картичка можат преку хот спот да се приклучат и вашите блиски.

Разгледување на Рим

Ви препорачуваме да обезбедите удобни обувки за вашиот престој во вечниот град. Рим е музеј на отворено и повеќе од сигурно е дека ќе го поминете голем дел од вашиот одмор во одење. Не треба да купувате вода, бидејќи центарот на градот има мрежа на фонтани (т.н. насони) со исклучително квалитетна вода за пиење.

 Работи што не треба да ги правите во Рим

  • Не купувајте сувенири од градски комбиња кои кружат или тротоари – може да платите казна!
  • Не фотографирајте со гладијатори ако не сте подготвени да платите – фотографиите не се бесплатни, може да ви побараат 5 € по фотографија.
  • Дури и ако сте многу гладни, препорачуваме да избегнувате ресторани во центарот на градот, и покрај атракциите како што се Колосеум, плоштад Навона, Пантеон, Шпански скали, бидејќи квалитетот на храната и цените во овие ресторани може да ве изненадат.
  • Не одете во цркви (особено Ватикан) со кратка облека и голи рамена;
  • Не трошете парички фрлајќи ги низ римските фонтани – само фонтаната Треви го има своето „зошто“;
  • Не купувајте флаширана вода, затоа што Рим е полн со градски фонтани од кои водата е здрава за пиење;
  • Не сликајте споменици што означуваат дека е забрането сликањето, може да добиете голема казна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *