ПРОШЕТКА ПО МАГИЧНАТА ПАТЕКА НА БОГОВИТЕ НА САНТОРИНИ

Грција, земјата на античките богови и природната убавина, која, меѓу другото, го „донесе“ зборот демократија и нè „даруваше“ со своите многу острови меѓу кои и Санторини.

Стотици од нив расфрлани од Јонското до Егејското Море, привлекуваат милиони туристи секоја година, а најатрактивните меѓу нив се секако оние од групата Киклади (Kykládhes – Κυκλάδες) – Иос, Миконос, Наксос и Санторини.

Санторини, во минатото познат и како Калиста (Καλλίστη, „најубавиот“) или Тера (Θήρα), го добил името за време на владеењето на Латинската Империја во XIII. век по Св. Ирина (Санта Ирина), заштитничка на островот. Островот во 1579 г. потпаднал пот Отоманското царство.

Неговиот карактеристичен изглед денес „се должи“ на ерупцијата на вулканот, пред околу 3500 години, кога западниот дел на островот исчезнал во длабочините на морето, а цунамито ја избришала тогашната минојска цивилизација што постоела во тие области, додека некаде во исто време се појавиле приказните за легендарната Атлантида.

Потсетник за овој настан е и Калдера, вулканскиот остров.

Градови и места на Санторини

Акротири

Акротири, место кое се наоѓа на 8 километри јужно од Фира, е најпознато по археолошкиот локалитет, кое поради лавата што го прекрила местото, останало одлично зачувано, слично на Помпеја во Италија.

Фира

Фира или Тира, која се наоѓа на западната страна на Санторини, е главен град и најважното место на островот.

Иа

Иа (Οία) се наоѓа на околу 10 километри северно од Фира и е најпознатото место на Санторини, најмногу заради зајдисонцето и неговата архитектура.

Периса

Периса се наоѓа на 15 километри југоисточно од Фира, а покрај по плажата, таа е позната по своето вино, остатоците од блискиот антички град Тера и капелата Агија Ирена од 17. век.

Корисни информации за Санторини

  • Местата се далеку од морето поради страв од пирати во минатото.
  • Грците велат дека магарињата содржат души на мртви луѓе кои не биле многу добри во минатите животи, така што сега тие плаќаат за своите гревови со носење луѓе и товари по угорници и надолници.
  • Водата главно се снабдува со танкери од Крит, бидејќи островот нема свои природни извори.
  • Од најголемите трговски центри во Фира, познат е „Хондос“.

Превоз до Санторини

Прочитајте како да стигнете до овој прекрасен остров на најлесниот или најзгодниот начин. Резимиравме како да стигнете до Санторини со авион и брод, односно со сопствено возило.

Авионски превоз

Најекономичниот превоз до Санторини за нашите граѓани е преку солунскиот аеродром. Секоја среда, четврток и недела лета авио компанијата Волотеа, а повратниот лет, кој во еден правец трае околу еден час чини околу 80 € (цените се за оваа сезона) без багаж.

Паркингот на возилото во близина на солунскиот аеродром чини од 3-5 € /ден.

Аеродромот се наоѓа на источниот брег на Санторини, помеѓу Монолитос и Камари. Цврсто е поврзан со остатокот од Грција и европските дестинации, посебно во текот на летната сезона.

Бродски превоз до Санторини

Санторини е добро поврзан со копното со ферибродови, но и со други познати грчки острови. Главното пристаниште на островот е Атинa, кое се наоѓа на околу 10 километри јужно од Фира.

Санторини е поврзан со Атина со многу бродски превозници, кои пловат со различни бродови на оваа рута. Значи, од Атина до Санторини или обратно, може да бидат „стандардни“ ферибродови, кои пловат од осум до десет часа, или брзи ферибродови, кои стигнуваат до дестинацијата за помалку од пет часа.

Цената на билетите во еден правец изнесува околу 35 €/ лице за една двокреветна кабина и 95 € за возило до 4.35 метри.

Едно семејство за двата правца со своето возило ќе треба да одвои околу 450 € плус трошоците до пирејското пристаниште кои во зависност од возилото изнесуваат околу 100€ во еден правец, а патувањето трае околу 7 часа од Скопје.

Јавен превоз на Санторини

Јавниот превоз е обезбеден со автобусите на Ктел, кои ги поврзуваат сите поголеми места на островот.

Цената на билет за превоз (www.ktel-santorini.gr) зависи од линијата, и се движи од 1,40 – 2 евра.

Поаѓањата се чести, така што автобусите на попрометните линии сообраќаат најмалку еднаш на час, а на пример на линијата Фира – Периса поголемиот дел од денот и на секои 20 минути.

Плажи на Санторини

Ако одиме од Иа на исток или југ, првите плажи се Бакседес, Колумбус и „Рајска плажа“ (не се гледаат најдобро од главните патишта, така што тие најчесто се користат од „локалното население“).

Потоа следат Монолитос (не е преполн), Авис (претежно помлади гости, нуди најразлични спортови на вода) и Камари (една од најдобрите организираните плажи на островот, бројни хотели, барови на плажа и ресторани; лежалки и чадори за изнајмување, па затоа ја го сакаат семејствата со деца).

Зад нив се Периволос и Периса, кои заедно ја формираат најголемата плажа со црн песок на островот (бројни водни спортови, услуги како на плажа Камари; можете да стигнете таму со автобус или такси).

На југот на островот ќе ја најдете Влихада, Црвена плажа (именувана по високата концентрација на железо во камењата, што и дава црвена боја; има автобус од Фира до плажите на најблискиот град Акротирија, а од таму до плажата повторно со автобус, но на крај пак морате пешки да се спуштите до нејзе, освен ако не одите со брод) и Белата плажа (достапна само со брод).

Гастрономија на Санторини

Грчката кујна и рестораните се популарни кај нас, така што ако сè уште не сте се сретнале, ова е шанса да ги пробате нивните специјалитети.

Храната е разновидна, а поред рибата вреди да пробате суѕукаки (слично на ќебапот, со кришки патлиџан), модриот патлиџан, хлоро -козјо сирење, како и сувлаки кое на островот обично се прави од јагнешко месо.

Од пијалоците, вината се ценети, особено Винсанто (слатко вино), еден од трите вида од островот, другите две се Асиртико и Никтери. Ако ви се допаѓа, можете да посетите и некои винарски визби – канавес.

Ноќниот живот на Санторини

На Санторини, ноќниот живот е „богат“ во Фира (клубовите Енигма, Кју Клуб, Бар Марфи, Таџ Махал) и Камари (Дом клуб, бар Манго), додека во Иа и Периса обезбедуваат нешто полесна забава.

Клуб Енигма

Работното време на клубовите во сезоната е обично до утрото, а останатите угостителски објекти работат до 1:00 или 2:00 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *