ПРЕКУ ПРОЕКТОТ CONNECT2CE ПОТПИШАН ДОГОВОР ПОМЕЃУ ХЖПП И СЖПП

Договорот го потпишаа директорот на Словенски Железници Патнички превоз (СЖПП) Дарја Коцјан и Претседателот на Управниот одбор на Хрватски Железници Патнички превоз (ХЖПП) Жељко Укиќ и членовите на Управниот одбор Младен Лугариќ и Дамир Рубшиќ. Со договорот се дефинирани насоките, односно мерките со кои ќе се подобрат услугите во заедничкиот патнички превоз.

Со цел унапредување на железничкиот превоз меѓу Хрватска и Словенија, на 12 февруари 2020 година беше потпишан Договор за разбирање за подобрување на услугите во меѓународните возови меѓу Хрватска и Словенија. Договорот беше потпишан како дел од проектот на ЕУ CONNECT2CE, вреден 2,8 милиони евра. Вредноста на проектот за ХЖПП изнесува 171,4 илјади евра.

Помеѓу Хрватска и Словенија оваа година сообраќаат 14 редовни, 6 сезонски и 20 погранични возови. СЖПП и ХЖПП преземаат активности што ќе овозможат поквалитетно патување и обезбедување одржливи меѓународни услуги. Имено, со Договорот се дефинирани мерки што можат да се искористат за подобрување на услугата, како што се продажба на он лајн билети во меѓународниот сообраќај, воведување на угостителски услуги, промоција на посебни понуди и воведување на посебни билети.

Минатата година меѓу Хрватска и Словенија превезени се околу 130.000 патници.

Целта на проектот CONNECT2CE во рамките на програмата за транснационална соработка INTERREG Централна Европа е да се подобри планирањето и координацијата помеѓу регионалните системи за транспорт на јавен превоз поради подобрување на прекуграничната соработка и подобра поврзаност со националните и европските транспортни мрежи.

Проектот вклучува 13 партнери од седум земји од Централна Европа, а раководител на проектот е Централноевропска иницијатива (ЦЕИ) од Трст.

Извор: ХЖПП

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *