ПРЕГЛЕД НА СВЕТСКИТЕ ВЕСТИ ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ТОВАРЕН ТРАНСПОРТ

Кина: Првата интермодална услуга на кинескиот железнички оператор – China Railway Xi’an Group Co, од терминалот Ксинџу до Киев во Украина е започната на 24 јули, притоа носејќи 41 контејнер со облека, чевли и други производи. Очекуваното патување траело 12 дена, преку Монголија и Русија.

Кинеската државна железница известува дека 5 122 контејнери се отпремени помеѓу Кина и Европа во текот на првата половина 2020 година, што е за 36% повеќе во однос на истиот период на 2019 година.

На 20 јули, еден воз со 50 контејнери со повеќе од 3 200 тони на јаглен тргнал од Haizetan кон Enshi во провинцијата Hubei, ова е за првпат да се користат контејнери за превоз на јаглен на Haolebaoji-Ji’an железницата.

Австралија: Советот на Wagga Wagga ги одобри договорите за изградба и работење на логистички центар за товарен превоз на Riverina Intermodal Freight & Logistics Hub, преку кој воедно ќе ги сервисира „инланд“ железничките превози на локалитет од 60 хектари во непосредна близина на постојниот Бизнис парк во Бомен.

Изградбата на доковите и интермодалното терминално подрачје кое може да прими возови со должина од 1 800 метри, ќе биде преземено од Huon Contractors со седиште во Канбера. Изградбата ќе биде финансирана преку грант со висина од 14,4 милиони долари од државната програма за финансирање на транспортот. Со терминалот ќе управува Visy Logistics под јаво–приватно партнерство со  Советот.

САД: Norfolk Southern  се пријави за операцијата Clean Sweep како иницијатива развиена од страна на Американскиот совет за хемија и Здружението за индустрија на пластика, во насока да се спречи ослободување на микропластика во морските екосистеми.

„Norfolk Southern  ќе работи на постигнување на нула загуба на пластичната смола во животната средина“ – изјави главниот директор за маркетинг  Алан Шоу.

„Ние развиваме широка кампања за едукација за подигање на свеста кај нашите вработени и ќе го зголемиме нашето истражување за да се осигуриме дека бункерите на автомобилите што ги транспортираме се правилно обезбедени и запечатени. Товарната железница игра значајна улога во хемиската и пластичната индустрија, а со тоа доаѓа и должноста  да ја поддржуваме индустријата во нејзините напори во промовирање на одговорноста кон животната средина.“ – понатаму изјавува Шоу.

Кина: Групацијата U-Freight отвори втор кинески центар за консолидација на неговиот логистички центар во Шангај, па така контејнерите за Европа се препраќаат по морски и воздушен сообраќај.

„Користејќи ги овие опции развивме силна позиција на пазарот“ – изјави извршниот директор Симон Вонг.

„Сега се справуваме со значителни пратки од Кина кон Германија, Италија, Шведска, Швајцарија и Холандија како и помали пратки кон останатите европски земји, управувана од нашата мрежа на долгогодишни агенти  се додека пратките не стигнат до шпедитерските центри на европско тло.“

„Додека пак другите начини на транспорт се соочуваат со соодветни проблеми во капацитети и проблеми во распоредот. Но од друга страна пак нашата железница нуди конкуретска алтернатива на воздушниот сообраќај и во однос на цената и во однос на времето на транзит ако се спореди превозот кој се одвива преку океан.“ – додава Ванг во неговата изјава.

Велика Британија: Davies Turner сега на Бирминген, Бристол и Манчестер им нуди да бидат дестинации за желеничка испорака од Кина кон Велика Британија.

„Бидејќи директната услуга е започната од март и оттогаш се пристигнати многу контејнери, 3-4 од нив пристигнуваат на неделно ниво во Дартфорд“ – изјави раководителот за снабдувачки синџири Тони Кол.

„Идентификувавме дека голем број од пратките се наменети за други делови во Велика Британија, така што сега работиме со нашите партнери во Кина за да го насочиме процесот на консолидација кон Хефеи и да ги обезбедиме пратките наменети за југозападно  или севернозападно во нашата земја.“ -ја дополнува неговата изјава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *