ПРЕГЛЕД НА ВЕСТИ ОД СТРАНСТВО ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕВОЗ

Воз долг 1.000 метри со 100  TEU контејнери на од Кина стигна до Калининград преку Латвија и Литванија. Преговорите за волку долг воз за транзит на Латвија започнаа во октомври, а договорот е потпишан од националната железница ЛДЖ и Рускате железници во февруари.

„Организацијата на таков технички комплициран транспорт, во време кога многу сектори се во прекин, е очигледен сигнал за нашите партнери дека ЛДЖ е подготвена да се прилагоди на новите околности и предизвици и покрај сегашната состојба во светот“, рече претседателот на ЛДЖ, Морис Клинбергс.

Mercitalia Group

започна услуга што ги поврзува Падова Интерпорта со Бари и Катанија. Првично се носеа основни производи, вклучително храна и пијалоци, медицински материјали, хартија и пластика за време на пандемијата. Постојат три повратни возења секоја недела, за да се зголемат на шест до летото. Услугата е наменета за тешки, растресита и палетизирана стока во конвенционални цистерни и контејнери или полуприколки P400 до Бари, комбинирајќи два синџири на снабдување кои обично патуваат одделно.

KTZ Express

во Казахстан организираше транспорт на 226 монтажни објекти од Опорнаја до Бурундеј во близина на Алмати за монтажна болница за инфективни заболувања од 280 кревети, која ја гради BI Group.

 

ČD Cargo

ја презеде последната испорака од 100 Zacna 88 m3 џамбо вагон цистерни, нарачани од Татравагонка Попрад во 2019 година.

Трансфеса Логистика

лансираше фриго – експресен воз кој ги поврзува Валенсија и Мурсија со Лондон за 72 ч, носејќи хигиенски и медицински производи, како и овошје и зеленчук.

„Ова е уште еден чекор во развојот на нашите меѓународни коридори, со што услугите се прошируваат до стратешки сегмент. Во Валенсија штотуку отворивме магацин 2.000 m² за прехранбени производи. Железницата сега е повеќе од кога и да било, најоддржливиот и најсигурен начин на транспорт.“ изјави извршниот директор Бернд Хулерум.

Rail Freight Group

Одговарајќи на известувањето за продолжеток на фазата 1 од проектот за пруги со големи брзини во Велика Британија, генералниот директор на Rail Freight Group, Меги Симпсон изјави: „оваа одлука е добредојдена вест за многу од нашите деловни членки кои ќе снабдуваат со материјали и инженерски услуги за да ги изградат овие пруги од витално значење. Во време на економска неизвесност, ова е џокер во ракав за железничкиот товарен сектор.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *