ПРВИТЕ ДЕСЕТ НАЈПРОМЕТНИ АЕРОДРОМИ ВО СВЕТОТ ПО БРОЈОТ НА ПРЕВЕЗЕНИ ПАТНИЦИ

Вкупниот број на превезени патници се однесува на тие кои полетале, слетале или транзитирале. Патниците во транзит се пресметани два пати.

1. Меѓународен аеродром Хартфилд-Џексон Атланта (ATL)

На прво место, со зголеменост од 3.3% во споредба со 2017 е меѓународниот аеродром во Аталанта. Тој можеби беше надминат од Чикаго О`Хер во поглед на бројот на слетани и полетани авиони, но не беше во број на превезени патници. Овој аеродром е на првото место уште од 1997 година, и како што покажуваат бројкитеизгледа работава, долго време нема да се промени тоа.

Вкупен број на превезени патници: 107,394,029

2. Пекинг, Главен меѓународен аеродром (PEK)

На второ место, со зголеменост од 5% во споредба со 2017 година е аеродромот во Пекинг. Но како што започна со работа новиот аеродром, Пекинг Диксон, со сигурност се смета дека ќе има поголема фрекфенција.

Вкупен број на превезени патници: 100,983,290

3. Дубаи Меѓународен аеродром (DXB)

Не трето место е аеродромот во Дубаи кој продолжува да расте. Има примено 900.000 нови патници во 2018 година и бројките само се зголемуваат со стабилен раст од 1% споредбено со 2017 година. Бидејќи Дубаи станува се поатрактивна дестинација за одмори, се очекува бројките уште да растат.

Вкупен број на превезени патници: 89,189,387

4. Меѓународен аеродром  Лос Анџелес (LAX)

Аеродромот во Лос Анџелес се искачи за една позиција откако го надмина аеродромот во Токио. Со зголеменост од 3.5% тој се врати на позицијата која ја држеше во 2016 година.

Вкупен број на превезени патници: 87,534,384

5. Аеродром Токио Ханеда  (XND)

Паѓајки едно место на табелата, аеродромот во Токио го зголеми бројот на патници за само 2% во споредба со 2017 година. Големата област на Токио се смета за една од најнаселените урбани делови во светот. Не е за чудење што се наоѓа на петтото место овој аеродром.

Вкупен број на превезени патници: 87,131,973

6. Чикаго О`Хер меѓународен аеродром,  (ORD)

Иако е прв на табелата по број на слетани и полетани авиони, тој се наоѓа на шестата позиција на тебелата по број на превезени патници. Чикаго аеродромот има зголеменост од 4.4% во споредба со 2017 година, а при крај e модернизaцијата на аеродромот во висина од 8.5 милијарди долари која ќе дозволи да има зголемен проток на луѓе.

Вкупен број на превезени патници: 83,339,186

7. Лондон Хитроу (LXP)

Меѓународниот аеродром Лондон Хитроу го зголеми бројот на патници од 2.7% во однос на 2017 година. Иако има најава за градба на уште една писта која ќе го зголеми капацитетот, информацијата останува на ниво на шпекулација. Сепак, и без таа писта, Лондон Хитроу е најпрометниот аеродром во Европа по број на превезени патници.

Вкупен број на превезени патници: 80,126,320

8. Меѓународен аеродром Хонг Конг (XKA)

Со зголеменост од 2,6 проценти, најголемата светска терминална зграда бележи намалување од 14,4 проценти во воздушниот карго превоз, но сосема спротивно во патничкиот превоз. Се очекува со модернизацијата која треба да заврши во 2030 година да се врати стабилниот раст на овој аеродром

Вкупен број на превезени патници: 74,517,402

9.Меѓународен аеродром Шангај Пудонг  (PVG)

Со зголеменост од 5.7% овој аеродром си ја задржува деветата позиција од 2017 година. Со плановите кои биле направени во 2015 година, се очекува да има зголеменост во сообраќајот и до 10%.

Вкупен број на превезени патници: 74,006,331

10. Париз Шарл де Гол Аеродром (CDG)

Автоматизираниот состав на разврстување и транспортирање на багажот ја забрза испораката на багажот на авионските оператори како и поврзаноста со железничкиот оператор ЦДГ Екпрес помогнаа овој аеродром да види покаченост од 4% на бројот на патници во споредба со 2017 година.

Вкупна бројка на патници: 72,229,723

Само за споредба, во 2018 година со покачување од 20 %, бројот на превезени патници изнесуваше 2,334,558.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *