ПОЧИНА ЈОЗЕФ ТOJРЕР – ПИОНЕРОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ГРАДЕЖНИ МАШИНИ

Оваа година на на 19 март, на 91 годишна возраст почина Јозеф Тoјрер основач и извршен директор на „Пласер и Тојрер“ (Plasser & Theurer). Јозеф Тојрер и Франц Тојрер заедно го основале „Пласер и Тојрер“ во 1953 година, а во следните шест децении, Јозеф Тојрер како претприемач ја гради светски етаблираната компанија, која во моментов вработува повеќе од 4000 работници.

Пласер и Тојрер е најголемиот светски производител на машини за одржување и градба на железнички пруги. Во 1953 година била изградена првата машина за подбивање на колосек во Линц, со 9 вработени, а од 1987 година воспоставено е производство на машини за целосно интегрирано одржување на пругите.

Има извезено повеќе од 10,000 големи машини во 90 земји. Поред главната фабрика во Линц со околу 1.000 вработени, произведува машини во 14 држави, со 3.000 вработени ширум светот. Сочинува околу 6% од вкупниот австриски извоз на градежни машини во индустријата за градежништво, железо и челик.

Инаку Др. Јозеф Тојрер е пионер во во областа на железничките градежни машини, исто така е изумител на многу пронајдоци. Во текот на неговата кариера има пријавено околу 1000 патентни апликации за широк спектар  на технологии кои помогнаа во поддршката на механизацијата за железничкото градежништво и одржувањето на железничките пруги, обезбедувајќи значително подобрување во продуктивноста, одржливоста и безбедноста на истите.

Меѓу неговите најзначајни пронајдоци (патент од 1988г) е иновативната машина за инсталирање на горниот строј од пругата, која значително ја убрзува и олеснува железничката градба.

Во 2011 година, Др. Јозеф Тојрер ја предава водечката палка на компанијата на својот внук Јоханес Макс- Тојрер, кој по неговата смрт изјавува: „Мојот дедо секогаш ќе биде пример за нас, како пионер, иноватор и претприемач но пред се како човек“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *