ПОТПИШАН Е ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ ОД 102 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ПРУГАТА БЕЛГРАД – НИШ
Српскиот министерот за финансии, Синиша Мали, во Белград потпиша договор за заем за проектот за модернизација на железничкиот сектор во Србија, со примена на повеќефазен програмски пристап. Заемот за проектот за модернизација на железничкиот сектор во Србија е вреден 102 милиони евра, а е кофинансиран од Француската агенција за развој и Светска банка со по 51 милион евра.
Договорот е потпишан на 10 мај, а на потпишувањето присуствуваше и премиерот на Србија Ана Брнабиќ, која истакна дека средствата од потпишаниот заем ќе бидат искористени за целосна модернизација на пругата Белград-Ниш, каде што ќе биде можно на околу 56% од пругата да се развиваат брзини на возови од 200 километри на час, се наведува во соопштението на компанијата Српски железници.
Ќе следи проценка за тоа колку ќе не чини продолжението на пругата од Ниш до Прешево. Нашата цел е да го модернизираме железничкиот сектор во Србија, така што дигитализацијата ќе ја зголеми нејзината ефикасност, управувањето со имотот на железницата итн. – рече Брнабиќ.
Работиме и на проектот за модернизација на пругата Ниш-Димитровград и очекуваме работите да започнат таму на крајот на годината. Сето ова е дел од „зелената агенда“ и стратегијата за транспорт на Европската унија, која вклучува инвестирање во железницата, како „најеколошка форма на транспорт“.