ПОСЛЕ 76 ДЕНА АЕРОДРОМОТ ВО ВУХАН Е ПОВТОРНО ОТВОРЕН
Аеродромот во Вухан започна со работа после 76 дена откако беше целосно затворен.
Аеродромот во Вухан, град кој беше епицентарот на COVID 19 отпочна со работа изминатава среда откако беше целосно затворен пред 11 недели.
Летовите повторо се воспоставени преку меѓународниот аеродром во градот, преку кој годишно транзитираа 24 милиони патници пред да избувне епидемијата. Во секој случај по реотворањето на аеродромот голем дел од луѓето ќе може да се вратат на своите работни места низ земјата.
Летот MU2527 на релација Вухан – Сања во организација на China Eastern Airlines е првиот лет откако е укината целсоната блокада на летање и полета од аеродромот во Вухан во 19 часот и 25 минути минатата среда.