ПАТНИЧКИ ВОЗОВИ СТАНУВААТ ТОВАРНИ И ИСПОРАЧУВААТ ПАКЕТИ ДО УРБАНИТЕ ОБЛАСТИ!
Транспортот на пратки до централните градски области во Велика Британија, со помош на адаптираните патнички возови, беше тестиран минатата година, кога на овој начин беа извршени неколку итни испораки на медицинска опрема за потребите на Националната здравствена служба.
Оваа можност е повторно во фокусот, но сега за потребите на секторот за е-трговијата, како и за други комерцијални активности, пишува trans.info.
NetworkRail, компанија што управува со железничката инфраструктура во Велика Британија, објави дека реконструираните патнички возови наскоро ќе доставуваат стока до одредени централни градски станици во таа земја.
До крајот на оваа година треба да започне првиот воз, кој ќе сообраќа на релација помеѓу Мидлендс и Шкотска, додека во 2022 година, може да се пуштат повеќе линии – во зависност од побарувачката на клиентите и достапните возови.
Кај нас превозот на брзи мали пратки со железницата замре во 90-тите години.
Погледнете го видеото што го покажува изгледот и капацитетот на возот – пред и по „трансформацијата“!