ОРИГИНАЛНИОТ И СТАРОМОДЕН ЛИК НА ФОЛКСВАГЕН „БУБА“ СЕ ПОЈАВИ КАКО НОВ И МОДЕРЕН ЛИК НА МИНИ МОПЕДИ
Секое дете од минатиот век ќе се потсети на оригиналниот лик на Фолксваген „Буба“, но и игрите кои се играа на задното седиште на овој автомобил. И секој родител кој го поседувал овој автомобил ќе се потсети на многу настани при долгите патувања.
Овој вид на автомобили е многу препознатлив, не постои место на светов кој не би ја препознал германската „Буба“. Оригиналните „Буби“ после 70 години престанаа да се произведуваат во 2003 година (иако од 1980 година веќе не се продаваа во рамки на САД), еден ентузијаст започна да ги заживува овие стари модели во симпатични и воедно смешни мини мопеди/скутери.
Фолксваген скутер
Самопрогласениот „производител и градител на најразлични работи“ Брент Волтер го создаде „Фолкспод“ со заварување на крилата кои се наоѓаат над тркалата на оригиналната „Буба“. „Фолкспод“ има оригинален фар од „Бубата“, но и широки рачки како на велосипед за да може да управувате додека се возите. Овие мопеди имаат малку вонземјански изглед, мотор со 3 коњски сили и можат да се движат со 40 км/ч. Секако дека тоа е прилично брзо за еден скутер.
Детали околу Фолксваген мопедот
Овие мопеди ја имаат истата форма која сме навикнати да ја гледаме кај „Бубата“, но притоа е посветено внимание и на други детали. Класичниот знак на Фолксваген може да се најде на предниот дел на скутерот.
Инаку овие скутери не се наменети за долги дестинации или патувања по автопати, тие се наменети за кратки патувања во урбан крај или лежерна турнеја низ соседството во текот на еден сончев ден.
Ако сакате да дознаете нешто повеќе за овие скутери, а можеби да пробате и сами да ги направите, може да го заследите профилот на Брент.