ОДДЕЛОТ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦА ПРИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ГО ОДОБРИ ОТПОЧНУВАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ ЗА БРЗАТА ЖЕЛЕЗНИЦА
Британското министерство за транспорт даде известување „Notice to proceed“ за изградба на брза железница High Speed 2 (HS2), која што ќе ги поврзе Лондон, Бирмингем и Лидс.
Во февруари, премиерот Борис Џонсон изјави дека проектот треба да продолжи бидејќи железничката линија ќе го подобри капацитетот на превоз и поврзаноста меѓу градовите.
Доделувањето на известување „Notice to proceed“ е формално одобрување за започнување на проектот за изградба. Изградбата на брза железница High Speed 2 (HS2), навлезе во втора фаза од главните граѓански договори, каде што секој договор се спроведува со посебно заедничко вложување (Joint venture – JV).
Министерот Ендру Стивенсон изјави: „Додека најголем приоритет на Владата е да се бори против ширењето на коронавирусот и да се заштитат животи, ние не смееме да ја одложиме нашата работа на долгорочен план за еднакво поврзување на земјата.“
„ High Speed 2 (HS2) – брзата железница ќе биде `рбетот на транспортната мрежа во земјата, воедно ќе го зајакне превозниот капацитет и поврзувањето, воедно давајќи можност за еднакво развивање на сите поголеми и помали градови.“
„Следејќи ја одлуката, претходно донесена во текот на оваа година да се продолжи со пректот, им дава можност на илјадници градежни работници да ги задржат своите работни позиции и бизниси низ целата земја во време кога тоа им е најпотребно.“
Четири работни пакети кои што беа донесени за брзата железница High Speed 2 (HS2), вклучуваат целосен и детален дизајн, како и изградба на првата фаза на брзата железница.
Овие договори обезбедуваат сигурност во идната активност на малите и средни бизниси кои би ги заштитиле раотните места во насока на зголемување на нивната сигурност и опстојување во период на прогласена пандемија од COVID 19.
Joint venture (JV) кои им беа доделени со договорите од 2017 година, вклучувајќи ги и SCS Railways, Align JV, EKBF JV и BBV JV, ќе треба да ги преземат градежните работи се додека доследно се придржуваат на насоките дадени од страна на јавното здравство на УК во текот на постоењето на пандемијата со коронавирусот.
Дарен Каплан, извршен директор на Асоцијацијата за железничка индустрија, изјави: „ Брзата железница е вистински трансформациски проект кој ќе им помогне ма јавните претпријатија во Велика Британија,на нејзината национална економија, на поврзаноста меѓу градовите при зголемување на капацитетот на целата железничка мрежа особено во некои од нејзините клучни правци и воедно добивање бенефит од рамномерноста при поврзување на сите делови во земјата.“
„Во иднина ова би требало да создаде илјадници работни места и да ги поттикне инвестициите, во време кога Велика Британија ќе ја разгледува можноста за економско закрепнување после пандемијата со коронавирусот.“
Понатаму во неговата изјава тој истакнува надеж дека Нетворк Реил ширум Велика Британија ќе ја цени оваа пријатна вест која во голема мерка ќе помогне на инфраструктурното претпријатие.
Се очекува дека брзата железница ќе биде завршена до 2040 година , но во овој период мора да се нагласи дека нејзината изградба доцни со рокот и го има пробиено буџетот кој бил одреден во рамките на овој времески период.
Минатиот месец, градежните работи околу брзата железница започнаа во близина на аеродромот во Бирмингем.