НОРВЕШКИТЕ ДРЖАВНИ ЖЕЛЕЗНИЦИ СЕ РЕБРЕНДИРАА ВО ВИ (VY)

Групацијата на Норвешките државни железници NSB официјално беше преименувана во Ви Груп (Vy Group) на 24 април 2019 година и е една од најголемите транспортни групации во нордиските земји, во сопственост на норвешката влада.

Vy Group има четири оперативни бизнис области во Норвешка и Шведска, вклучувајќи железнички патнички услуги, автобуски услуги, товарен транспорт и мобилност, како и туризам.

Најдоброто патување

Стратегијата и визијата на ново ребрендираната групација Vy Group е изразена преку слоганот „Најдоброто патување“. Групацијата се надева дека овој слоган доловува како има намера да го обликува својот бизнис за потребите на своите клиенти, со цел да го испорача најдоброто патување. Стратегијата ги опфаќа следните четири правци:

  • Паметното патување;
  • Зеленото патување;
  • Безбедно патување;
  • Профитабилно патување.

Новото железничко здружение на Европа, кое ги поврзува приватните железнички оператори за товарен и патнички превоз, смета дека ребрендирањето на NSB дава одличен пример на државна компанија која покажува способност да се прилагоди на иднината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *