НОРВЕШКАТА ЖЕЛЕЗНИЦА ФЛЕМ

Со денешната статија започнуваме со серијал на претставување на познати железници кои денес се туристички атракции поради необичните природни пејсажи и погледи кои можете да ги доживеете од овие возови. Во ова време ние ќе се потрудиме барем виртуелно да Ви ги доближиме.

Денес започнуваме со Флем железницата во Норвешка.

Технички информации 
Должина на Flåm Railway20.20 km
Разлика во висината863.5 m
Најгорна точка865.5 m
Најдолна точка2.0 m
Успон55‰–1:18
Линија > 28%16 km–79.3%
Минимален радиус130 m
Колосек1,435 mm
Напон15,000 V – 16 2/3 Hz
Максимална брзина, km/h40 km/h
Време на патување60 мин
Тунели20
Мостови1
Водени тунели4
Станици8

Оваа железница е опишана како една со најубавите пруги, преку која  се доживува неповторливо искуство на патување со воз. Флем железницата е дел од водечките туристички атракции во земјата.

Возот своето патешествие го започнува во околината на Аурландсфорд па продолжува до високите планини до крајната станицата Мурдал.

Возот ги остава сините води на Аурландсфорд и неговата благопријатна клима и започнува со своето патување, па веќе  на три километри оддалеченост доаѓа на видик мала црква која датира од 1667 година која е сместена на живописна фарма. Близу до црквата е сместен обелиск како потсетник на поетот Пер Сивле, кој таму бил роден.

Потоа се доаѓа до импресивниот водопад Рјоандефосен, чиј водопад е со висина од 140 метри.

Железницата Флем ја поминува реката три пати, па инжинерите наместо да градат мостови, решиле железничката пруга да ја прават низ тунели.

На станицата Береквам се разминуваат возовите кои се движат во спротивна насока, каде што е потребно да се напомене дека делот има невообичаена глетка na диви планини, потоци кои течат кон реката надолу и тесна и длабока клисура.

Близу Бломелер јасно ќе се види силината на природата преку доказите оставени на планините од паѓањето на камења и зимските лавини.

Во овој предел кај Кордал има атракција која ја сочинуваат 150 кози и можност за нивно фотогафирање. Пејсажот на ова пасиште не може да се сретне никаде на друго место.

Следува најдолгиот тунел на оваа железничка пруга кој  е наречен тунел Нили и неговата должина е 1320 метри.

Понатака возот застанува на познатиот водопад Кјосфосен, за да може да се набљудуваат убавините во околината.

Има тунел во вид на потковица кој што спирално се извиткува во и вон планината, што е сведоштво за еден од најхрабрите подвизи во историјата на норвешкото инжинерство. Преку отворите на вагоните може да се набљудува панормата на дивата страна на Кардал, низ него како тече мал сребрен поток, веќе од другата страна е високата планина и многу мал дел каде што застануваат возовите.

Поминува и покрај блескавото планинско езеро кое воедно е и извор на водопадот Кјосфосен.

Кај Ватнахалсен се добива последниот заеднички поглед на планините и мочуриштата.

Следната станица е кај Ватнахалсен – планински хотел, од таму започнуваат патеките за планинарење, патот Ралар и место од кое се стигнува до скијакиот центар во зимски услови.

Патувањето се одликува со најубавите глетки на природата на западна Норвешка. Во текот на еден час возење со возот по норвешката железница Флем, разликата во околината е очигледна, најпрвин тргнувате од Согнефорд во Флем чија местоположба е на ниво на морето и завршувате на станицата Мурдал високо во планините, со надморска висина од 867 метри. Возот поминува покрај Раларскиот пат, високи планини, водопади, 20 тунели…Мирдал е истотака станица и на возовите кои доаѓаат од Берген, па така станува и клучна точка на поврзување меѓу Берген и Осло.

Оваа железничка пруга е една од најстрмните стандардни железнички пруги во светот, која во текот на своето патување се движи со успон од 1:18 на 55 промили. Оваа линија од 20 км има висинска разлика од 866 метри.

Патувањето со норвешката железница независно дали се работи за пасивен или активен одмор е примамливо за сите. На некои од патниците не им е доволно еднаш да пропатуваат туку се враќаат повторно да го искусат патувањето со Флем железницата.

Иначе редовниот повратниот билет чини 3.600 денари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *